Некои компании имаат двоцифрен пад на продажбата, а тоа резултира со значителен пад на продажбата на нови автомобили во Европа

Според најновите податоци на ACEA, падот на европскиот нов пазар на нови автомобили во текот на август бил 8,6%. Продажбата во земјите од ЕУ и ЕФТА достигнала 1,07 милиони автомобили.

Најголем придонес во падот имаат Nissan кој има пад од неверојатни 48% и Renault кој забележал минус од 38%. Лошо поминал и Fiat со пад од 26%, а 14% пад има и во продажбата на Volkswagen. Што се однесува до марките во рамките на VW групата, позитива бележи само Škoda со плус од 5,4%. Seat има пад од само за 1%, додека Porsche дури 18%.

Меѓу премиум брендовите, Jaguar има најголем пад – 21%. Audi и BMW исто така имаат пад – 9,1% односно 8,4% соодветно, додека Mercedes е еден од ретките во плус – 13%.

Ниту азиските брендови немаат добра продажба. Toyota има пад од 1%, Hyundai 2% и Kia 3%. 

Со што да се фали нема ниту PSA. CItroen има пад од 8,1%, Opel 6,9% и Peugeot 3,4%. Луксузниот DS има двоцифрен пад – 26%.

Гледано по земји, најлошо е на Медитеранот. Најголем пад има Шпанија – 31%, а потоа следува Франција со минус од 14%. Намалување е забележано и во Италија, нешто над 3%. Економски најсилните земји, Германија и Велика Британија имаат пад од 1% односно 1,6%, соодветно. Кога се ќе се собере, оваа година Европа има пад на продажбата од 3,2%.

Целиот извештај можете да го видите на следниот линк.