Аналитичарите од Sanford C. Bernstein велат дека Баварците треба да го купат британскиот Jaguar Land Rover (JLR)

Брегзит ако, кога и како да се случи, падот на продажбата на Кина, заканите на Трамп за зголемени царини за увоз … Се се тоа проблеми кои би требало производителите да ги примораат на здружувања и превземања, а едно од нив може да доведе до ревитализација на денес веќе заборавена врска.

BMW веќе некое време е заинтересиран да се поврзе со други производители, а аналитичарите од Sanford C. Bernstein велат дека Баварците треба да го купат британскиот Jaguar Land Rover (JLR), кој моментно е во сопственост на индискиот Tata Motors. На овој начин, двете страни би можеле да профитираат и да си помагаат едни на други во понатамошниот развој.

Поконкретно, аналитичарот Макс Варбортон вели дека BMW е „премногу капитализиран и заситен со готовина“ и ги достигнал „границите на можностите за раст со сегашната понуда“.

JLR, пак, вели дека Варбортон, е „предизвик, оперативно и финансиски“, но верува дека може значително да ги намали и фиксните и варијабилните трошоци „под покровителство на поголем партнер“.

Купувањето на JLR за околу 10 милијарди евра, наводно, би можело да ја зголеми заработката на BMW за околу 20%. Исто така, првично ќе резултира со зголемување од 25% во вкупната продажба на BMW Group.

BMW во моментов спроведува сеопфатен план за заштеда во вредност од околу 12,6 милијарди американски долари, додека JLR минува низ програма за штедење вредна околу 2,8 милијарди американски долари, така што и двете страни би можеле да го дочекаат партнерството поподготвено отколку што би биле доколку не би биле во деловна реконструкција. Сепак, купувањето на JLR е комплексно и од емотивната страна.

Имено, BMW го поседуваше Land Rover во 1990-тите и тој период е малку трауматичен за Германците, така што сè уште постои страв од тоа искуство. Исто така, сегашниот сопственик, Tata Motors, треба да ја „проголта гордоста“ за да се ослободи од JLR. Индијците, наводно, имаат пари и JLR има позитивен напредок под нивна капа, но многумина веруваат дека може да биде и подобро, во рацете на поискусен сопственик.

Официјални информации за можно превземање или здружување на двата производители нема. Од друга страна, само како потсетување дека овие две компании неодамна решија да соработуваат во развојот на системи за електричен погон од следната генерација.