Toyota и Subaru имаат најлојални клиенти
Mercedes е можеби највредниот автомобилски бренд, но нема и лојални клиенти
Судејќи според извештајот за 2018 година, направен од страна на американското издание Edmunds, кој опфаќа трансакции за повеќе од 13,9 милиони возила во периодот помеѓу 2007 и 2017 година, купувачите се најлојални на јапонските брендови како што се Toyota, Honda и Subaru. Во ТОП 5 брендови се и брендови како RAM и Chevrolet, кои имаат по 54% од клиентите кои кога купуваат нов автомобил повторно се одлучуваат за модел од истиот бренд.
На другиот крај на листата се брендовите кои имаат најнелојалнји купувачи како Chrysler, Dodge и Smart. Во чекор ги следат Fiat и Mitsubishi.
Сепак, во текот на изминатата деценија, имаше некои големи промени. Имено, Subaru и Mazda добиле голем број на лојални клиенти или клиенти кои повторно купуваат нивни автомобил, особено Mazda. Chrysler и Dodge од друга страна, изгубиле скоро половина од клиентите.
Во сегментот на луксузни модели, клиентите се најлојални на брендовите Lexus, Audi и Land Rover. По нив следат Mercedes, Porsche и BMW. Infiniti, Jaguar и Volvo имаат клиенти кои нивните возила ги менуваат за возила од други производители.
Во продолжение листата на автомобилски брендови и степенот на лојалност на клиентите.
Toyota 63 %
Subaru 61 %
Honda 60 %
Chevrolet 54 %
Ram 54 %
Hyundai 52 %
Kia 51 %
Lexus 51 %
Ford 48 %
Nissan 48 %
Audi 47 %
Mazda 44 %
Jeep 41 %
Land Rover 40 %
Mercedes 39 %
Porsche 38 %
Volkswagen 37 %
BMW 36 %
GMC 35 %
Acura 31 %
Cadillac 31 %
Buick 29 %
Lincoln 28 %
Volvo 26 %
Jaguar 24 %
Mini 24 %
Fiat 22 %
Infiniti 22 %
Mitsubishi 21 %
Dodge 19 %
Smart 19 %
Chrysler 16 %