За некои автомобилски акроними веројатно знаете што значат, но дали за сите?

Најразлични кратенки во ознаките на автомобилите има се повеќе и повеќе. Обично тоа е комбинација од две или три букви, понекогаш во комбинација и со број.

Речиси секоја компанија има своја единствена номенклатура за да биде различна од другите. Еве што значат некои акроними и иницијали во автомобилската индустрија:

Acura / Honda

Јапонскиот бренд може да се „пофали“ со прилично комплицирани комбинации на букви. Многу веројатно дека дури и најголемите фанови на Honda не ги знаат сите кратенки, особено не поновите.

NSX: New, Sportscar, Experimental
SH-AWD: Super Handling All-Wheel Drive
P-AWS: Precision All-Wheel Steer
TMU + IPU: Twin Motor Unit + Intelligent Power Unit (NSX)
Si: Sport Injected
Type R: Racing
VTEC: Variable Valve Timing and Lift Electronic Control

Alfa Romeo

За Alfa Romeo, може да се каже дека е прилично „минималистичка“ по ова прашање. Логото на италијанската марка, за многумина најубавото во светот, има детал за кој што веројатно многумина не знаат што значи. Станува збор за зелената змија која голта човек, а се наоѓа на десната страна. Деталот се земен од грбот на благородничкото миланско семејство Висконти, а кој настанал така што Отоне Висконти во борба победил сарацински член на кралско семејство и како што налагала традицијата го презел грбот од неговиот штит. Всушност, змијата не го проголтува човекот, туку тој излегува од нејзината уста како „новороден“.

A.L.F.A: [Società] Anonima Lombarda Fabbrica Automobili
DNA: Dynamic, Natural и All Weather режими на возење

BMW

Германските производители имаат тенденција да прават „загатки“ од акронимите, но добро упатените знаат за што се работи.

BMW: Bayerische Motoren Werke
M: Motorsport
SAV: Sports Activity Vehicle
sDrive: Погон на задните тркала
VANOS: Од германски VAriable NOckenwellenSteuerung (Варијабилна работа на брегастото вратило)
xDrive: Погон на сите тркала

Cadillac

Иако Cadillac сака да се рекламира со Velocity во CTS-V и ATS-V, ова V значи нешто друго. Всушност, ознаката е воведена за да го нагласи фокусот на американската марка на V8 и V16 моторите (во заминување), додека ознаката Velocity (Брзина) е понова и се користи исклучиво за маркетиншки цели.

CTS: Catera Touring Sedan
DTS: DeVille Touring Sedan
V: V8 и V16 мотори

Chevrolet

Популарниот американски производител има многу акроними за Camaro. Новиот ZL1 1LE е пример на акроним во акроним, а ниеден нема некое специфично значење. За што е тогаш? Три од најпознатите пакети, LS, RS и SS имаат голем распон кога станува збор за перформансите и опциите кои ги разделуваат.

LS: Luxury Sport
RS: Rally Sport
SS: Super Sport

Dodge

Уште еден американски бренд кој има ознаки кои се легендарни, а за кои многумина не знаат што всушност значат

R/T: Road/Track
SRT: Street & Racing Technology
392: кубни инчи на 6.4-литарски V8 мотор

DS

Луксузната филијала на Citroen, која настана пред неколку години, има произведено неколку атрактивни и интересни дизајни. Дали знаете што значи DS?

DS: Different Spirit / Distinctive Series

Ferrari

Ferrari, своите најпопуларни акроним ги зема од F1 болидите. Хибридниот систем KERS во LaFerrari е првиот кој е имплементиран во еден сериски модел од Маранело кој дебитираше во 2008 година. Сепак, една од најновите ознаки е меѓу најстарите – Т.

T: Turbo/ трансферзално
M: Modificato
KERS: Kinetic Energy Recovery System
GTO: Gran Turismo Omologato

Ford

Ford има богата историја на акроними и иницијали, резервирани за моделите со високи перформанси како што се Mustang и суперавтомобилот GT. Сепак, дури и моделите како Focus, Taurus и Edge добиваат примамливи ознаки како што се RS, SVT, ST итн.

SHO: Super High Output
SVT: Special Vehicle Team
ST: Sport Technologies
RS: Rally Sport

Fiat

Иако генерално не е напишано како акроним, Fiat е комбинација од букви кои ја сочинуваат фразата – италијанска фабрика за автомобили Торино.

FIAT: Fabbrica Italiana Automobili Torino

GMC

Во 1909 година, General Motors ја купил компанијата Rapid Motor Vehicle Company и ја ребрендирал во GM Truck and Coach Division. Подоцна сето ова е скратено – GMC.

GMC: General Motors Company

Infiniti

Во 2010 година Infiniti го претстави знакот IPL на перформантното купе G37 со 350 КС. Во исто време, додадена е оригинална ознака за погон на сите тркала.

X: погон на сите тркала
IPL: Infiniti Performance Line

Jaguar

Во обид дел од моделите да ги извлече од калта, Jaguar го претстави акронимот SVR во 2016 година за F-Type, Range Rover …

SVR: Special Vehicle Racing
SVO: Special Vehicle Operations

Lamborghini

SV и SVJ веројатно сите знаат што значат кога се работи за Lamborghini. SV дебитираше на Миура во 1972 година, а во меѓувреме оваа ознака ја носеle Diablo, Murcielago, Aventador и други.

SV: SuperVeloce
SVJ: SuperVeloce Jota

Lexus

F: Flagship / Fuji Speedway
GS: Grand Sedan
IS: Intelligent Sports
LC: Luxury Coupe
LS: Luxury Sedan
NX: Nimble Crossover
RC: Radical Coupe
RX: Radiant Crossover
UX: Urban Crossover

McLaren

Британскиот производител на суперавтомобили има навистина многу различни акроними, броеви и слично.Како потсетување станува збор за Јлаудиа Кардинале MP4-12C, кој изгледа како код на компјутерска компонента.
LT: Long Tail
MSO: McLaren Special Operations
MP4-12C: McLaren Project 4, Vehicle Performance Index (12), Carbon

Mercedes-Benz

Моделите со ознака AMG се едни од најпонатите за звтомобили. Се работи за имиња на двата основачи, Ханс ВернерАуфрехт и Ернхард Мелер, со родното – Гросашпах.

AMG: Aufrecht Melcher Großaspach

Nissan

Како што GT-R е во името на познат спортист, така и Nismo е акроним. Оригиналниот авто-мото тим дебитирал во 1984 година под името Nissan Motorsport International Limited”.

NISMO: Nissan Motorsport International Limited
GT-R: Gran Turismo Racer

Porsche

Помеѓу спортските S модели и високо перформантните турбо примероци, GTS ја одвојува номенклатура на Porsche, и се наоѓа на „задницата“ на сè, од 718 Boxster, Panamera, до новиот 911.

GTS: Grand Turismo Sport
GT2: Во согласност со GT2 хомогациските стандарди
GT3: Во согласност со GT3 хомогациските стандарди
GT4: Во согласност со GT3 хомогациските стандарди
RS: Rennsport

Renault

Ова е акроним што веројатно сите го познаваат и секој знае што значи. Се разбира, станува збор за спортските „амбиции“.

R.S.: Renault Sport

Subaru

WRX: World Rally Experimental / World Rally Cross
STI: Subaru Tecnica International

Suzuki

Јапонскиот производител се утврди на некои, додека истовремено напушти други пазари. Кај нас популарен по ознаката SX4

SX4: Sports X Over 4 All Seasons
APV: All-Purpose Vehicle

Toyota

За овој јапонски бренд не може да се каже дека не е премногу креативен кога станува збор за кратенки и акроними, а исто така и за имињата на моделит.

GR: Gazoo Racing
GRMN: Gazoo Racing Masters Of Nurburgring

Volkswagen

Кога станува збор за ознаката GTI, на интернет владее вистинска војна што всушност значи. Повеќето се за Grand Touring Injection.

GTI: Grand Touring Injection
R: Racing
TDI: Turbocharged Direct Injection
TSI: Turbocharged Stratified Injection