Класификацијата е направена според резултатите од краш тестовите на EuroNCAP

Во последната рунда на краш тестови спроведени од EuroNCAP, со 5 ѕвездички за безбедност се стекнаа новите BMW Серија 1 и Серија 3. Но има и такви кои немаат таков резултат, како на пример новите Peugeot 208 и Jeep Cherokee, чиј скор е 4 ѕвездички. 

Од 55 модели кои ги има тестирано EuroNCAP по воведувањето на построгите стандарди во 2018 година, досега со максимален број ѕвездички за безбедност се имаат стекнато 43 модели. Меѓу нив има хеџбек, седан, кросовер модели. 

И покрај тоа што од EuroNCAP тврдат дека возачите никогаш не биле посигурни зад воланот во своите автомобили, сепак постојат огромни разлики помеѓу најдобрите и најлошите модели. Британскиот сајт Whatcar?, врз база на остварените резултати, направил рангирање, а во овој текст ви ги претставуваме најдобрите 10 модели, но и два модела со најниска оцена.

10 МОДЕЛИ СО НАЈДОБРИ РЕЗУЛТАТИ:

Toyota RAV4

  • Заштита на возрасни патници – 93%; 
  • Заштита на деца – 87%; 
  • Заштита на пешаци – 85%; 
  • Системи за асистенција на возачот – 77%. 
  • Севкупна оценка на EuroNCAP – 342/400

Toyota Corolla

  • Заштита на возрасни патници – 95%; 
  • Заштита на деца – 84%; 
  • Заштита на пешаци – 86%; 
  • Системи за асистенција на возачот – 77%. 
  • Севкупна оценка на EuroNCAP – 342/400

Audi Q3

  • Заштита на возрасни патници – 95%; 
  • Заштита на деца – 86%; 
  • Заштита на пешаци – 76%; 
  • Системи за асистенција на возачот – 85%. 
  • Севкупна оценка на EuroNCAP – 344/400

Volkswagen T-Cross

  • Заштита на возрасни патници – 97%; 
  • Заштита на деца – 86%; 
  • Заштита на пешаци – 81%; 
  • Системи за асистенција на возачот – 80%. 
  • Севкупна оценка на EuroNCAP – 344/400

Lexus ES

  • Заштита на возрасни патници – 91%; 
  • Заштита на деца – 87%; 
  • Заштита на пешаци – 90%; 
  • Системи за асистенција на возачот – 77%. 
  • Севкупна оценка на EuroNCAP – 345/400

BMW 3 Series

  • Заштита на возрасни патници – 97%; 
  • Заштита на деца – 87%; 
  • Заштита на пешаци – 87%; 
  • Системи за асистенција на возачот – 76%. 
  • Севкупна оценка на EuroNCAP – 347/400

Tesla Model 3

  • Заштита на возрасни патници – 96%; 
  • Заштита на деца – 86%; 
  • Заштита на пешаци – 74%; 
  • Системи за асистенција на возачот – 94%. 
  • Севкупна оценка на EuroNCAP – 350/400

BMW Z4

  • Заштита на возрасни патници – 97%; 
  • Заштита на деца – 87%; 
  • Заштита на пешаци – 91%; 
  • Системи за асистенција на возачот – 76%. 
  • Севкупна оценка на EuroNCAP – 351/400

Mercedes CLA

  • Заштита на возрасни патници – 93%; 
  • Заштита на деца – 87%; 
  • Заштита на пешаци – 85%; 
  • Системи за асистенција на возачот – 77%. 
  • Севкупна оценка на EuroNCAP – 353/400

Mercedes A-Class

  • Заштита на возрасни патници – 96%; 
  • Заштита на деца – 91%; 
  • Заштита на пешаци – 92%; 
  • Системи за асистенција на возачот – 75%. 
  • Севкупна оценка на EuroNCAP – 354/400

2 МОДЕЛА СО НАЈСЛАБИ РЕЗУЛТАТИ:

Jeep Wrangler

  • Заштита на возрасни патници – 50%; 
  • Заштита на деца – 69%; 
  • Заштита на пешаци – 49%; 
  • Системи за асистенција на возачот – 77%. 
  • Севкупна оценка на EuroNCAP – 200/400

Fiat Panda

  • Заштита на возрасни патници – 45%; 
  • Заштита на деца – 69%; 
  • Заштита на пешаци – 49%; 
  • Системи за асистенција на возачот – 32%. 
  • Севкупна оценка на EuroNCAP – 342/400
Loading...