Осмата генерација на Golf ќе дебитира на 24 октомври, а Volkswagen го најави со официјални скици

Врз основа на овие скици, може да се очекува подинамичен Golf од неговите претходници, заедно со традиционалните линии.

Новиот Golf од неговиот претходник најмногу се разликува во ентериерот, каде има минимален број физички копчиња во голема мерка заменети со контроли на екранот на допир.

Под мултимедијалниот систем кој се поврзува со контролната табла на кој се надоврзува уште еден панел на допир, се наожаат серија контроли на допир за клима системот.

Новиот Golf е нешто поголем од претходникот, а благодарение на надградената платформа MQB, има повеќе простор за патниците и багажот.