Кои се најбезбедните автомобили на пазарот?
Класификацијата е направена според резултатите од краш тестовите на EuroNCAP
Во последната рунда на краш тестови спроведени од EuroNCAP, со 5 ѕвездички за безбедност се стекнаа новите BMW Серија 1 и Серија 3. Но има и такви кои немаат таков резултат, како на пример новите Peugeot 208 и Jeep Cherokee, чиј скор е 4 ѕвездички.
Од 55 модели кои ги има тестирано EuroNCAP по воведувањето на построгите стандарди во 2018 година, досега со максимален број ѕвездички за безбедност се имаат стекнато 43 модели. Меѓу нив има хеџбек, седан, кросовер модели.
И покрај тоа што од EuroNCAP тврдат дека возачите никогаш не биле посигурни зад воланот во своите автомобили, сепак постојат огромни разлики помеѓу најдобрите и најлошите модели. Британскиот сајт Whatcar?, врз база на остварените резултати, направил рангирање, а во овој текст ви ги претставуваме најдобрите 10 модели, но и два модела со најниска оцена.
10 МОДЕЛИ СО НАЈДОБРИ РЕЗУЛТАТИ:
Toyota RAV4
- Заштита на возрасни патници – 93%;
- Заштита на деца – 87%;
- Заштита на пешаци – 85%;
- Системи за асистенција на возачот – 77%.
- Севкупна оценка на EuroNCAP – 342/400
Toyota Corolla
- Заштита на возрасни патници – 95%;
- Заштита на деца – 84%;
- Заштита на пешаци – 86%;
- Системи за асистенција на возачот – 77%.
- Севкупна оценка на EuroNCAP – 342/400
Audi Q3
- Заштита на возрасни патници – 95%;
- Заштита на деца – 86%;
- Заштита на пешаци – 76%;
- Системи за асистенција на возачот – 85%.
- Севкупна оценка на EuroNCAP – 344/400
Volkswagen T-Cross
- Заштита на возрасни патници – 97%;
- Заштита на деца – 86%;
- Заштита на пешаци – 81%;
- Системи за асистенција на возачот – 80%.
- Севкупна оценка на EuroNCAP – 344/400
Lexus ES
- Заштита на возрасни патници – 91%;
- Заштита на деца – 87%;
- Заштита на пешаци – 90%;
- Системи за асистенција на возачот – 77%.
- Севкупна оценка на EuroNCAP – 345/400
BMW 3 Series
- Заштита на возрасни патници – 97%;
- Заштита на деца – 87%;
- Заштита на пешаци – 87%;
- Системи за асистенција на возачот – 76%.
- Севкупна оценка на EuroNCAP – 347/400
Tesla Model 3
- Заштита на возрасни патници – 96%;
- Заштита на деца – 86%;
- Заштита на пешаци – 74%;
- Системи за асистенција на возачот – 94%.
- Севкупна оценка на EuroNCAP – 350/400
BMW Z4
- Заштита на возрасни патници – 97%;
- Заштита на деца – 87%;
- Заштита на пешаци – 91%;
- Системи за асистенција на возачот – 76%.
- Севкупна оценка на EuroNCAP – 351/400
Mercedes CLA
- Заштита на возрасни патници – 93%;
- Заштита на деца – 87%;
- Заштита на пешаци – 85%;
- Системи за асистенција на возачот – 77%.
- Севкупна оценка на EuroNCAP – 353/400
Mercedes A-Class
- Заштита на возрасни патници – 96%;
- Заштита на деца – 91%;
- Заштита на пешаци – 92%;
- Системи за асистенција на возачот – 75%.
- Севкупна оценка на EuroNCAP – 354/400
2 МОДЕЛА СО НАЈСЛАБИ РЕЗУЛТАТИ:
Jeep Wrangler
- Заштита на возрасни патници – 50%;
- Заштита на деца – 69%;
- Заштита на пешаци – 49%;
- Системи за асистенција на возачот – 77%.
- Севкупна оценка на EuroNCAP – 200/400
Fiat Panda
- Заштита на возрасни патници – 45%;
- Заштита на деца – 69%;
- Заштита на пешаци – 49%;
- Системи за асистенција на возачот – 32%.
- Севкупна оценка на EuroNCAP – 342/400