Жестока конкуренција за северноамерикански автомобил na годината
Организаторите на изборот за северно-американски автомобил, камион и SUV за 2019 година (NACTOY) го стесни изборот на 14 модели
Вообичаено во полуфиналето влегуваат 12 автомобили, но поради изедначено гласање за последниот учесник, листата е проширена. Меѓу кандидатите за престижната титула има претставници од Германија, Јапонија, Јужна Кореја и Шведска, и само еден автомобил на американски производител.
Листата на кандидати за автомобил на годината во Северна Америка за 2019 година е следна: Audi A6, Buick Regal Tour X, Genesis G70, Honda Insight, Hyundai Veloster, Kia Forte, Mazda6, Mercedes-Benz A-klasa, Nissan Altima, Nissan Leaf, Toyota Avalon, Toyota Corolla, Volkswagen Jetta, Volvo S60.
Во моментално најпопуларниот сегмент во светот – SUV сегментот кандидатите се следни: Acura RDX, BMW X5, Cadillac XT4, Infiniti QX50, Jaguar I-Pace, Volvo XC40 od luksuznih modela, te Hyundai Kona, Hyundai Santa Fe, Jeep Wrangler, Nissan Kicks, Subaru Ascent и Toyota RAV4.
Листата на кандидати е многу помала кога станува збор за категоријата пикап на годината: Chevrolet Silverado 1500, GMC Sierra 1500 и Ram 1500.
Во средината на октомври, судиите ќе имаат компаративно тест возење во Мичиген, САД, по што ќе биде објавен и списокот на финалисти (на саемот за автомобили во Лос Анџелес на крајот од ноември).
Најдобриот автомобил во Северна Америка, исто како и најдобар SUV и најдобар пикап за 2019 година, ќе бидат прогласени на најголемиот американски автомобилски саем во Детроит во јануари следната година.
Како потсетување, победници во изборот за 2018 година беа Honda Accord, Lincoln Navigator и Volvo XC60.