Засега, неговите конкуренти во сегментот на компактни електрични кросовери се корејски и германски

На 14 март се одржа официјалната презентација на Tesla Model Y, компактниот кросовер кој ќе стане четвртиот модел во гамата на американската компанија. Првите тизер фотографии од моделот се појавија во 2017 година, а во текот на изминатата година информациите за моделот постојано се зголемуваа. Така, меѓу другото, стана јасно дека салонот ќе има три реда на седишта, а цената – релативно ниска.

Брзата транзиција од концепт до претпроизводен модел се објаснува со фактот дека Tesla Model Y е изграден на платформата на Model 3 (унифицирањето е 75%). Компактниот електричен кросовер исто така има сличен дизајн. И иако некои веќе го нарекоа „помал брат на Model Х“, неговите задните врати се отвораат на страна, а не нагоре, а третиот ред седишта ќе бидат достапен како опција.

Основниот модел ќе има автономија од 370 километри, а ценовниот опсег ќе започнува од 39.000 долари, но оваа варијанта ќе биде достапна подоцна од поскапите модификации. Први од производствените ленти во 2020 година ќе се симнат помоќните верзии – моделот со забрзување до стотка за 5,5 секунди и автономија од 483 km (Long Range) и моделот со забрзување до стотка за 3,5 секунди и автономија од 448 km.

Е сега и за конкурентите…

Kia-e-Niro

Треба да се забележи дека сегментот на компактни електрични кросовери сè уште не е голем, но корејските производители веќе се во него. Тука, на пример, е Kia e-Niro, која на пазарот е од минатата година и нуди автономија од 455 километри, а нејзината цена во Европа изнесува околу 34.300 долари.

Hyundai Кona Еlectric

Овој модел може да се пофали со 64-киловатна батерија и автономија до 480 километри. Тестирањето покажа дека овој електричен кросовер има добра економија и автономија блиска до најавената од производителот. Неговата цена во Германија, на пример, започнува со 34.600 евра.

Audi Q4 e-tron

Конкурентите од групата VAG (Volkswagen Group) сè уште го трасираат патот, но датумите за појава на новите модели се веќе познати. На пример, Audi Q4 e-tron, кој неодамна беше прикажан на саемот во Женева, во сериско производство ќе влезе следната година. Автономијата на импресивната батерија од 80 kWh ветува 450 километри (според WLTP циклусот). Возењето со погон на четири тркала е обезбедено од два електрични мотори (по еден на секоја оска) со вкупна моќност од 300 „коњи“ и забрзување до 100 km/h за 6.1 секунди.

Seat el-Вorn

На истата платформа MEB како и Audi Q4 e-tron ќе биде направен и SEAT el-Born. Неговата батерија е скромна – 62 kWh, но километражата не е многу помала – 420 km според WLTP циклусот. Електричниот мотор од 200 КС треба да обезбеди забрзување до 100 km/h за 7,5 секунди. Појавата на моделот во дилерските центри на SEAT е закажана за крајот на 2020 година.

Škoda Vision iV Concept

Тука може да се спомене и Skoda Vision iV, но сеуште е само концепт и точниот датум на појавување на серискиот модел се уште не е одреден. Со оглед на германската прецизност и огромната привлечност на овој сегмент, можно е чешките колеги да ја претекнат Tesla кога станува збор за почеток на производството.