Нова серија тестирања од EuroNCAP: новите модели беспрекорни, постарите не толку добри / ВИДЕО
EuroNCAP ги објави резултатите од тестовите за безбедност кои опфаќаат како најнови така и нешто постари модели на автомобили кои во моментов се наоѓаат на европскиот пазар
Во последната серија на тестови, оваа независна организација со седиште во Брисел, тестирала 12 модели на автомобили. 11 од нив беа тестирани со стандардни безбедносни пакети, додека еден бил тестиран и во верзија со дополнителна опрема за безбедност.
Максимални пет sвезди за безбедност добиле Audi Q7, Ford Kuga, Ford Mondeo, električni Porsche Taycan, novi Renault Captur, Subaru Forester, Tesla Model X, како и неодамна претставената четврта генерација на Škoda Octavia.
Максимален број на ѕвезди за безбедност добил и новиот Peugeot 2008, но во верзијата со дополнителен безбедносен пакет, додека стандардната верзија била оценета само 4 ѕвезди.
Сестринските MPV модели на VW Group, Seat Alhambra и Volkswagen Sharan, кои веќе долго време се наоѓаат во продажба во Европа, исто така добиле по 4 sвезди, а најнизок рејтинг има Jeep Renegade со само 3 везди, пред се поради лошиот резултат во заштита на пешаците и недостатоци кога станува збор за системите за безбедност.