И покрај експанзијата на кросовер и SUV сегментот и фокусот на Ford токму на овој сегмент, американскиот гигант бележи одлични резултати во сегментот на хечбек модели

Се разбира, станува збор за европскиот пазар каде Ford има многу причини да биде задоволен во врска со моделот Focus. Имено, Ford објави дека продажбата на Focus во 20 клучни европски земји напредувала најдобро во последните четири години.

Ford ја претстави четвртата генерација на Focus пред година и половина, а во меѓувреме има продадено 250.000 примероци од овој модел на „Стариот континент“. Севкупно, откако Focus во Европа го замени познатиот Escort во 1998 година, Ford има продадено повеќе од 7.000.000 единици.

Една од главните причини за одличната продажба на Focus е можноста за избор помеѓу повеќе облици на каросеријата и бројни опции за погонската единица. Ford дополнително ќе ја прошири понудата со хибридна верзија следната година, по што следи „спортистот“ под ознаката RS.