Кои автомобили трошат најмногу?
Меѓу моделите од овој тип има спортски возила кои секако се на врвот според потрошувачката, но има и моќни луксузни теренци. Меѓу оние кои трошат најмногу гориво има претставници на европски, американски и азиски производители
Кога се купува автомобил, пред сè е важна неговата цена, опремата, перформансите, а значајна улога секако игра и потрошувачката на гориво. На крајот на краиштата, токму таа, покрај трошоците за осигурување или сервис, влијае на оперативните трошоците за возилото.
Сепак, постојат автомобили каде потрошувачката на гориво воопшто не е важна за нивните сопственици, иако тоа се моделите кои се и најголеми потрошувачи на гориво во светот. Важна е огромната моќ и перформансите за кои и „дебело“ е платено.
Ова се 10 модели кои се едни од најалчните за гориво.
-
Maserati MC20
Maserati MC20 е новитет од 2020 година кој се придвижува со централно поставен V6 мотор со 630 КС. Моторот му овозможува на возилото да забрза до 100 km/h за 2,9 секунди и да постигне максимална брзина од над 325 km/h. Maserati MC20 има карактеристична врата што се отвора нагоре. Автомобилот кој чини 260 илјади евра во просек троши 14,8 l/ 100 km.
-
Ferrari 812 Superfast
Ferrari 812 Superfast се нуди од 2017 година, а го придвижува V12 мотор со 800 КС. Погонот на задните тркала се пренесува преку 7-степен менувач со двојна спојка. Ferrari 812 Superfast до стотка забрзува за 2,9 секунди, а максималната брзина е 340 km/h. Автомобилот троши во просек од 14,9 l / 100 km, а неговата цена е најмалку 400 илјади евра.
-
Ferrari GTC4Lusso
Ferrari GTC4Lusso се продава од 2016 година. Автомобилот има погон на сите тркала и може да прими 4 лица. Ferrari GTC4 Lusso во своето врвно издание со V12 мотор и 690 КС забрзува до стотка за 3,4 секунди, а максималната брзина на автомобилот е 335 km/h. Просечната потрошувачка на гориво кај овој модел е 15 l / 100 km.
-
Rolls-Royce Cullinan
Rolls-Royce Cullinan во помоќната изведба со V12 biturbo мотор со 600 КС е во продажба од ноември 2019 година. Благодарение на овој мотор, автомобилот забрзува до 100 km/h за 4,9 секунди, а електронски ограничената брзина е 250 km/h. Rolls-Royce Cullinan е првиот SUV во историјата на британската марка. Луксузниот модел троши во просек 15,1 l / 100 km.
-
Dodge Charger SRT Hellcat
Dodge Charger SRT Hellcat се нуди од 2014 година. VEM HEMI моторот со 717 КС му овозможува на автомобилот да забрза до 100 km/h за 3,7 секунди, а максималната брзина на возилото е 320 km/h. Dodge Charger SRT Hellcat доаѓа стандардно со 8-степен автоматски менувач, а погонот е на задните тркала. Просечната потрошувачка на гориво кај оваа спортска лимузина е 15,4 l / 100 km.
-
Mercedes-AMG G 63
Mercedes-AMG G 63 е премиум верзија на моделот што се продава од 2018 година. Под хаубата на овој моќен теренец се наоѓа 4-литарски V8 битурбо со 585 КС. Автомобилот достигнува 100 km/h за 4,5 секунди и има максимална брзина од 220 km/h. Просечната потрошувачка на Mercedes-AMG G е 15,5 l / 100 km.
-
Toyota Sequoia
Toyota Sequoia е моќен јапонски теренец кој не се нуди на нашиот пазар. Од 2018 година се нуди втората генерација на возилото, но само со V8 мотор под хаубата. Во врвната верзија, станува збор за 5,7-литарски мотор со 386 КС. Toyota Sequoia со ваков мотор забрзува до 100 km/h за 6,7 секунди, а максималната брзина е 180 km/h. Стандардниот вртежен момент се испорачува на задните тркала преку 6-степен автоматски менувач, но со опција за погон 4×4. Просечната потрошувачка на гориво во возилото е 15,7 l / 100 km.
-
Rolls-Royce Ghost
Втората генерација на Rolls-Roycea Ghost се појави на пазарот оваа година. Луксузниот седан го придвижува V12 мотор со 571 КС и 850 Nm вртежен момент. Rolls-Roycea Ghost има погон на сите тркала, забрзува до 100 km/h за 4,8 секунди и има електронски ограничена максимална брзина од 250 km/h. Просечната потрошувачка на бензин е 15,7 l / 100 km.
-
Dodge Durango SRT
Dodge Durango SRT се нуди од 2018 година и благодарение на моторот со 482 КС моментално е најмоќната верзија на американскиот модел. Во 2021 година ќе се појави верзија Hellcat со 720 КС (забрзување до 100 km/h за 3,6 секунди и максимална брзина од 290 km/h). Dodge Durango SRT, благодарение на моторот со 482 коњски сили, забрзува до 100 km/h за 4,5 секунди и максимална брзина од 250 km/h. HEMI V8 моторот е поврзан со 8-степен автоматски менувач, а вртежниот момент се испорачува на сите тркала. Просечната потрошувачка на гориво кај овој модел е 16,7 l / 100 km.
-
Bugatti Chiron Super Sport 300+
Bugatti Chiron Super Sport 300+ ќе се појави во 2021 година и ќе има мотор кој генерира дури 1600 КС! Импресивна е брзината до која може да се забрза овој автомобил – 490 km/h! Bugatti Chiron Super Sport 300+, како основната верзија и Chiron Pur Sport со 1500 КС, има мотор со 16 цилиндри. Вртежниот момент се пренесува на сите тркала преку 7-степен менувач со двојна спојка. Просечната потрошувачка на гориво кај овој модел е 23,5 l / 100 km. Во град, автомобилот троши 36,7 l / 100 km.