Брзинска „битка“ на генерации

Ferrari F40 е еден од најпопуларните суперавтомобили на сите времиња. Под капакот на моторот се наоѓа 2.9-литарски twin-turbo V8 мотор кој испорачува 478 КС (352 kW) и 576 Nm максимален вртежен момент.

Од друга страна срцето на McLaren P1 е хибриден погонски систем. Се состои од 3.8-литарски V8 twin-turbo бензинец кој испорачува 737 КС при 7.500 вртежи во минута, со максимален вртежен момент од 720 Nm (достапен од 4.000 вртежи во минута) и електричен мотор, кој располага со дополнителни 179 КС.

Кој е побрз? Видео кое треба да се погледне.