Граѓаните кои пријавуваат неправилно паркирани автомобили добиваат парична награда!

Градот Њујорк дел од парите наплатени како казна за неправилно паркирање ќе ги исплатува на граѓаните кои го пријавиле сторителот, а бонусот е 44 долари од 175 долари, колку што е износот на казната. Новиот закон, усвоен од градскиот совет минатата недела, треба да им овозможи на граѓаните лесно да заработат пари. Да напоменеме дека во градот Њујорк уште од 2018 година граѓаните можат да заработат кога пријавуваат камиони и автобуси паркирани со вклучен мотор.

Законот е предложен од градскиот советник од Бруклин, Стивен Левин, за кој, како што вели, има намера да одговори на одредени видови на однесувања кои тој ги смета за многу опасни – како паркирање на ленти за велосипеди и автобуси, како и на пешачки премини и тротоари. Секој што ќе поднесе извештај, ќе добие 44 долари за информацијата.

Во исто време, градот ги зголемува казните за овие прекршоци од 115 на 175 долари, за самиот град да не губи на приходи.