Избрани финалистите за наградата AutoBest 2022
Жирито што ги избира кандидатите за престижната награда „AutoBest“ го намали изборот на шест модели кои ќе се натпреваруваат за ценетото признание
Ланскиот победник беше Seat Leon, а овогодинешниот победник ќе го дознаеме во декември на церемонија која ќе се одржи во Стразбур. Шест модели се во потесен избор – Renault Arkana, Dacia Spring, Hyundai Bayon, Opel Mokka, Škoda Fabia и Toyota Yaris Cross.
Многу интересен избор, a вреди веднаш да се истакне фактот дека само Fabia не е член на SUV сегментот. Во финалето влегува и чистокрвен електричен модел – Dacia – Spring, а и Mokka на Opel se нуди во EV издание. Покрај тоа, единствениот автомобил меѓу споменатите кандидати што нема апсолутно никаков тип на електрификација е новата генерација на Škoda Fabia.
Целото име на оваа награда е Auto Best Best Buy Car of Europe, што значи дека жирито го избира возилото што обезбедува најдобар сооднос добиено/платено.