Потврда за правилото – Американците најмногу ги сакаат јапонските модели

Меѓу многуте класификации за автомобилите – за продажба, безбедност, квалитет, задоволство од купувањето и други, има и таква која се однесува на најлојалните клиенти на одредени брендови. Студијата секоја година се спроведува од страна на изданието Edmund’s, а целта е да се види колку луѓе остануваат лојални на иста марка на автомобили, а колку од нив сакаат да менуваат. Една од оценките се однесува и на квалитетот на моделите кои ги нудат различни производители.

Ние ви ги претставуваме петте брендови со најлојални клиенти, како и петте брендови чии сопственици претпочитаат да кушат автомобил од друга марка, бидејќи очигледно не се задоволни со квалитетот. Треба да се наведе дека студијата се однесува на американскиот пазар.

1. Најлојални клиенти – Toyota: 63%

За некого изненадување за некого не, но Toyota е на лидерската позиција на ова рангирање. Јапонскиот бренд одамна има репутација на практични и сигурни автомобили. Затоа не е изненадување што повеќе од 60% од клиентите повторно би купиле автомобил од овој бренд. Интересно, добар дел од нив се подготвени да купат автомобил од повисока класа, бидејќи се убедени во неговите квалитети.

2. Најлојални клиенти – Subaru: 61%

Сопствениците на Subaru исто така се многу лојални на брендот, бидејќи сакаат практични автомобили со поедноставен дизајн. Важна улога во нивниот избор игра системот за погон на четири тркала које докажан низ годините. Интересно, нивната лојалност е фокусирана на сите модели – како кон спортските WRX и BRZ, така и кон секојдневните Outback и Legacy, како и кросоверите XV и Forester.

3. Најлојални клиенти – Honda: 60%

На трето место е уште еден јапонски бренд чии 60% од клиентите повторно би купиле автомобили со истото лого. Ова во голема мера се должи на моделите како што се Accord и Civic, кои се докажани со текот на годините. Малиот Fit и големиот Odyssey, исто така се одлично прифатени. За SUV моделот CR-V нема потреба ни да се зборува.

4. Најлојални клиенти – RAM: 54%

Американскиот бренд е рангиран на 4-то место, што го прави локален производител со највисока лојалност кај своите клиенти. Факт е дека пикап камионетите на RAM според продажбата заостануваат зад Ford F-150s и Chevrolet Silverado, но можат да се пофалат со голема група на лојални фанови.

5. Најлојални клиенти – Chevrolet: 54%

Истиот резултат во проценти го има уште еден американски бренд – Chevrolet. Во случајот на Chevrolet лојалноста е фокусирана на три модели – Silverado, Camaro и Corvette. Овој тренд полека но сигурно го следат и Malibu и Cruze.

1. Незадоволни клиенти – Chrysler: 16%

На дното на класификацијата е Chrysler, што е изненадување, бидејќи брендот нуди модели како Pacifica, која е еден од најпосакуваните помеѓу Американците. Chrysler 300 исто така има лојална клиентела, но ова не важи за другите автомобили на овој производител. Партнерството со Fiat, велат, една од причините што Американците губат доверба во брендот.

2. Незадоволни клиенти – Smart: 19%

Изненадување е дека Smart не е на дното на оваа ранг-листа. Никој не тврди дека автомобилите на овој бренд се лоши, но тие имаат два големи проблеми – тие не се практични, а многу се скапи. Интересно ќе биде да се види мислењето на потрошувачите откако Smart целосно ќе премина на електричен погон.

3. Незадоволни клиенти – Dodge: 19%

Dodge го има истиот резултат како и Smart, а големиот проблем со брендот е неговата гама. Во неа спаѓаат Challenger, Charger, Durango, Journey и Grand Caravan, кои се релативно скапи, поради што клиентите ги избегнуваат. Да не зборуваме дека Journey и Grand Caravan изгледаат како модели од праисторијата.

4. Незадоволни клиенти – Mitsubishi: 21%

Уште еден бренд чие присуство во овој дел од листата не е изненадување. Проблемотна Mitsubishi е мала палета на модели што ги нуди. Ова на брендот му донесе пад на продажбата, што исто така има влијание врз изборот на купувачите. Од неодамна, брендот е пред вистинско заживување (откако стана дел од Алијансата Renault-Nissan), поради што многумина веруваат во неговата светла иднина.

5. Незадоволни клиенти – Fiat: 22%

Овде, мала палета на модели што ги нуди компанијата игра одлучувачка улога. Проблемите на Fiat се слични на оние на Chrysler. Всушност, единствениот заштитен знак на FCA, кој во моментов е прилично присутен на пазарот е Jeep, каде лојалноста на клиентите достигнува 44%.