![Топ 10 најдобри ентериери за 2019 година](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2019/04/2019-10-Best-Interiors-winners-1.jpg)
Топ 10 најдобри ентериери за 2019 година
Во Топ 10 влегуваат од суперлуксузно и скапо купе до ценовно прифатлив SUV
Изданието Ward’s Auto го направи своето годишно рангирање на најдобрите автомобилски ентериери. За да се направи рангирањето, 8 од уредниците на списанието во текот на два месеци тестирале 32 нови модели, а нивните салони ги оценувале по повеќе критериуми, вклучувајќи дизајн, ергономија, квалитет на материјалите, практичност и интерфејс на мултимедијалниот систем.
Победник е Bentley Continental GT, чија цена во САД започнува од 276.730 долари. Внатрешноста на секој автомобил од овој модел е направена рачно, а за изработката се потребни 10 кожи од млади бикови.
Интересно, листата вклучува и буџетски модел, како малиот кросовер Nissan Kicks, кој чини 23.300 долари. Оваа цена е значително пониска од просекот за нов автомобил во САД – 36.000 долари. Експертите ја истакнуваат добрата комбинација на бои и материјали, ергономијата на салонот и системот за видео надзор.
„Задоволни сме што во листата влегуваат ценовно достапен SUV и суперлуксозно купе, кое чини 10 пати повеќе. И двата автомобила имаат голем придонес за развојот на ентериерот во нивните сегменти“, објаснуваат од Ward’s Auto.