Најдобрите мали автомобили според Германците
Европа е еден од пазарите на кој автомобилите од најмалите класи – Б и А, добро се продаваат. Последните се нарекуваат и градски автомобили, кои се бараат и најмногу поради нивната компактна големина и мала потрошувачка на гориво
Токму ова е причината поради која луѓето од германскиот AutoBild решиле да направат рангирање на моделите во оваа класа со проверка на нивната вистинска потрошувачка на гориво.
На прво место е Škoda Citigo, чија погонска единица троши 4,4 l /100 km (фабрички 4,1 l /100 km). Чешкиот градски автомобил е пред шпанскиот „брат“ Seat Mii, кој се потпира на истиот мотор. Според резултатите од тестовите, неговата вистинска потрошувачка е 4,5 l /100 km.
Третата позиција е за Peugeot 108, чиј што мотор според фабричките податоци би требало да троши 3,8 l / 100 km, а на тестовите на Германците мерачот покажал 4,6 l /100 km. Истата потрошувачка ја има и следниот модел на листата – Fiat 500 со 1.3-литарски мотор од 85 КС.
Петтото место е за VW Up BlueMotion Technology high-up! Моделот е двојник на Škoda Citigo и Seat Mii, но моќта на единицата е 75 КС. Како и да е, според фабричките податоци на Volkswagen, потрошувачката би требало да биде 4,2 l / 100 km, но според тестовите таа е 4,8 l / 100 km.
Во првите десет влегуваат и Citroën C1 VTi 68 Feel и Toyota Aygo x-play Touch со 69 КС. Кај францускиот модел, барем според тестовите оваа вредност е 4.9 l /100 km, а кај јапонците – 5.0. Во исто време, двата производители тврдат дека нивните автомобили трошат 4,1 l / 100 km.
Потоа следува Renault Twingo Energy TCe 90 со мотор од 90 КС кој има потрошувачка од 4,3 l / 100 km (на тестовите оваа вредност е поголема – 5.1 l /100 km).
Последните две места се за VW Up Move Up! и VW Up up! TSI Blue Motion Technology, со 60 КС за првиот и 90 за вториот. Од Volkswagen велат 4,5 и 4,4 l /100 km, но тестовите велат нешто друго – 5.1 и 5.2 l /100 km соодветно.