Марк Маркез во епска битка го победи Андреа Довициозо во Арагон, откако победникот во саботните квалификации, Хорхе Лоренцо, падна уште во првиот круг

Марк Маркез на домашен терен беше најбрз за победа на Repsol Honda, која на тимот му беше повеќе од потребна, без оглед на фактот дека Шпанецот има сигурно водство во генералниот пласман за возачи. Потсетување дека на трите претходни трки триумфираа возачите на Ducati.

Хорхе Лоренцо падна уште во првиот круг. На тоа влијание имаше и Маркез, кој влета од внатрешна страна и го натера сонародникот да отиде прешироко. Лоренцо беше како катапултиран во воздух, но за среќа, тој заврши само со дислокација на палецот на десната нога. Ова е втор последователен пад на тројниот шампион, откако во чакалот заврши и во Мизано. Последен пат, тоа му се случило во 2011 година на трките во Малезија и Валенсија.

Маркез, кој за оваа трка се одлучи за мека задна гума, добар дел од трката го помина зад водечкиот Довициозо. Италијанецот имаше предност на долгите правци, но Шпанецот времето го надоместуваше низ свиоците, особено 10-та и 11-та кривина. Во 19-от круг, Маркез накратко е пред Довициозо, но италијанскиот возач веднаш возвраќа, принудувајќи го Маркез да влезе пошироко во последната кривина пред долгиот правец. Ова му овозможува на Јаноне да биде на второ место, но само накратко. Маркез брзо ја враќа позицијата, а набргу го презема и водечкото место во трката. Довициозо имаше уште еден краток обид за враќање на позицијата, за потоа Маркез да ја запоседне лидерската позиција и така да остане до крајот.

Целната линија Маркез ја помина со 0,6 секунди предност пред Довицизо, додека Јаноне (Suzuki) беше трет пред Алекс Ринс (Suzuki). Маркез на пет трки до крајот има 72 бода предност пред Италијанецот од Ducati и е се поблиску до нова титула.

Дани Педроса (Repsol Honda) заврши осамен на петтото место, исто како и Еспаргаро (Aprilia) на шестото место, пред Данило Петручи од Pramac Ducatti.

Валентино Роси повторно беше најдобар помеѓу возачите на Yamaha, освојувајќи го осмото место, пред Џек Милер (Pramac Ducati) и Маверик Вињалес (Moviestar Yamaha).

Резултати:

Најдоброто од Арагон, Шпанија:

Генерален Пласман (ВОЗАЧИ):

Следната трка се вози на 7 октомври за ГН на Тајланд.

Loading...