Проценетата вредност на автомобилите на Роналдо надминува 7 и пол милиони евра

Замислете за роденден да добиете Mercedes вреден над 700.000 евра. Токму тоа му се случило на Кристијано Роналдо минатата недела, кога неговата девојка Георгина Родригез му подарила луксузен Mercedes AMG G63 за неговиот 35-ти роденден.

/

Колекцијата на автомобили на оваа светска фудбалска ѕвезда е толку голема што морал да обезбеди неколку гаражи – пет во Мадрид, два во Лисабон и една огромна во неговата вила во Торино.

Оваа неверојатна флота на суперавтомобили сведочи дека Роналдо навистина живее многу брзо. Што се поседува Португалецот?

Lamborghini Aventador (308.000 евра)

Роналдо овој автомобил го купил во 2016 година додека играше за Реал Мадрид. Поседува модел од 2011 година кој вреди околу 308.000 евра, а располага со 515 КС.

Bugatti Chiron (2,2 милиони евра)

Bugatti произведе само 500 единици од моделот Chiron, а една од нив е во сопственост на Роналдо. Моторот на овој „ѕвер“ располага со 1.500 КС и може да развие максимална брзина до 420 km/h! Роналдо го купил овој автомобил во 2017 година, а неговиот модел има и персонализирани потпирачи за глава со ознаката CR7.

Bugatti Veyron (2 милиони евра)

Очигледно еден Bugatti не е доволен! Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед својот Veyron вреден 2 милиони евра го купил во 2016 година. Овој модел има 1.000 КС, може да достигне максимална брзина од 400 km/h и 100 km/h за само 2,6 секунди! Роналдо се почестил со овој автомобил, по освојувањето на Европската фудбалска титула.

Mercedes AMG GLE 63 (150.000 евра)

Уште еден модел во ергелата на Роналдо купен во 2016 година откако по четврти пат ја освои Златната топка. Овој SUV располага со 612 КС и максимална брзина од 250 km/h.

Porsche Carrera 911 Turbo S (166,000 евра)

Овој модел е највреден во својата категорија и има моќност од 580 КС. Неговата најголема брзина е 330 km/h.

Range Rover Sport (119.000 евра)

Моделот со кој Роналдо често оди на тренинзите во Јувентус.

McLaren Senna (1.185.000 евра)

Од овој автомобилски ѕвер посветен на легендарниот бразилски возач во Formula 1, Аиртон Сена, се направени само 500 единици. Автомобилот има 800 КС, максимална брзина од 335 km/h и забрзува до 100 km/h за 2,8 секунди.

Chevrolet Camaro (42.000 евра)

Chevrolet Camaro има 6.2-литарски V8 мотор кој испорачува 453 КС. Уште еден модел купен по освојувањето на Европското фудбалско првенство.

Ferrari F12 TDF (415.000 евра)

F12 TDF е произведен во 799 единици. Ова е еден од омилените автомобили на Роналдо, како што вели тој, кој има импресивна моќ и перформанси. Автомобилот располага со 780 КС и развива брзина до 340 km/h. До 100 km/h стигнува за 2,9 секунди. Роналдо го купил овој автомобил во 2017 година.

Rolls Royce Cullinan (391.000 евра)

Cullinan е единствениот теренец произведен од Rolls-Royce и вреди околу 391.000 евра. Роналдо поседува персонализирана црно-бела верзија на овој автомобил со V12 мотор и 571 КС, а во возниот парк на фудбалерот е од претходниот март.

Со додавањето на Mercedes AMG G63 во неговата колекција, вкупната вредност на неговите автомобили сега е 7,7 милиони евра. Ситница, кога заработувате 4,5 милиони месечно.