Пионерот во светот на електричните автомобили, Tesla, веќе не ги држи конците во свои раце во оваа гранка од автомобилската индустрија

Германските производители, Daimler, BMW и VW групата забрзано се приближуваат до американската компанија и многу лесно може да се случи и да ја поминат до 2021 година. Ова мислење се базира на консултантско рангирање на производителите на електрични возила, а релевантните фактори вклучуваат стратегија, технологија на батерии, култура, мрежа за снабдување, партнерства и финансиски перформанси.

Според прогнозите на PA Consulting Group, Tesla ќе остане лидер во секторот и во текот на 2019 година. Сепак, до 2021 година, кога традиционалните производители ќе го „преплават“ пазарот со многу нови модели, Илон Маск и неговата Tesla ќе падне на седмо место. Дотогаш, анализите велат дека Daimler ќе биде лидер, пред BMW, алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi и VW Group.

Проблемите со производството на Model 3 и неизвесноста во поглед на профитот, се основните фактори за прогнозите за падот на Tesla дури на седмо место, велат од PA Consulting Group.

„Постигнувањето на целите поврзани со емисиите на CO2 и унапредувањето на електричниот транспорт одат рака под рака“, вели Томас Готл, шеф на автомобилската дивизија во PA Consulting Group. „Сепак, за производителите, ова, исто така, вклучува и потреба за преземање чекори во однос на организацијата и персоналот“.

Loading...