Кој се станува EV бренд?
Електрификацијата на Стариот континент зема се повеќе сила и се повеќе производители јавно се откажуваат или најавуваат откажување од моторите со внатрешно согорување. Дали знаете кој се досега потврдил дека ќе произведува исклучиво електрични модели?
Во Европа, на традиционалните погонски единици едноставно кажано, црно им се пишува. Стандардот за емисии на штетни гасови Euro 7, кој на сцена ќе стапи во 2025 година, значително ќе го искомплицира животот на SUS моторите, додека Euro 8 треба да биде уште построг и дефинитивно ќе биде крајот за термичките агрегати доколку немаат помош од електромотори.
Тука се и се повеќето најави за забрана за продажба на возила со мотори со внатрешно согорување во одредени земји. Се повеќе земји зборуваат и размислуваат на таа тема која дефинитивно ќе ја забрза „смртта“ на автомобилите кои користат чисто бензински, а за дизел моторите и воопшто да не разговараме..
Во такви услови има се повеќе традиционални брендови на автомобили кои најавија премин меѓу производителите на исклучиво електрични модели.
Smart веќе се реши на ваков чекор и преминува целосно на електричен погон. И францускиот бренд Alpine ќе ја премине оваа тенка линија и ќе стане чисто електричен бренд. Под водство на новиот шеф на групацијата Renault, Лука де Мео, создаден е нов план за Alpine, кој предвидува лансирање на три нови возила – кросовер, мал градски автомобил и купе… Сите три ќе припаѓаат на сегментот EV.
Bentley исто така потврди дека ќе се откаже од традиционалните погонски единици во наредниот период … Toa значи збогум и за W12 и V8! Британската марка ќе ја изврши транзицијата во две фази. Прво, од 2025 година, сите модели на овој производител ќе бидат електрифицирани, додека од 2030 година ќе се нудат само електрични модели.
Малку неочекувано, но Ford исто така преоѓа меѓу оние оние кои ќе нудат чисти „струјаши“. Иако во моментов во гамата имаат само еден електричен модел – Mustang Mach E, тоа наскоро ќе се промени. „Синиот овал“ има соработка со групацијата Volkswagen, што му носи можност да ја користи платформата МЕВ, или модуларната архитектура за електричните модели. Сите патнички автомобили на Ford кои ќе се продаваат на Стариот континент од 2030 година ќе користат само електрична енергија како погон.
Групата BMW неодамна потврди дека Mini e тој кој ќе премин на чисто електричен погон. Последниот Mini кој ќе користи термички мотор ќе биде пласиран во 2025 година, што значи дека следната деценија производителот од Островот ќе произведува само алтернативни возила. Менаџментот на брендот од Оксфорд очекува дека веќе во 2027 година, учеството на моделите на батерии во продажбата ќе биде 50%.
Volvo беше меѓу првите кој ги објави амбициозните планови во врска со електрификацијата. Желбата на Швеѓаните е електричните автомобили до 2025 година да имаат удел од дури 50% во продажбата, а до 2030 година во портфолиото да имаат само EV модели. Сепак, во моментов Volvo има само еден електричен модел во својата гама – XC40 Recharge. Наскоро ќе му се придружи уште еден модел.
Уште една британска марка потврди дека ќе стане производител на само електрични автомобили. Станува збор за Jaguar кој се подготвува за преродба под водство на новиот шеф Тиери Болор, поранешниот прв човек на Renault. Болор потврди дека комплетната транзиција кон EV модели ќе заврши веќе во 2025 година, но сè уште нема информации како ќе изгледа гамата на оваа марка во иднина.