Дебито на новата генерација на спортско купе GT86 е одложено за една година

Во текот на последната деценија, Toyota и Subaru продаваа спортско купе создадено со заеднички напори под три различни марки (нивните две плус Scion), а во пракса тоа беше истиот автомобил, разликувајќи се само по амблемот.

Втората генерација на Subaru BRZ дебитираше во ноември минатата година, а оваа година требаше да се појави верзијата на Toyota именувана како GR86. Сепак, според јапонското издание Best Car Web, премиерата на моделот е одложена за една година.

Според информациите, причината е лично првиот човек на Toyota – Акио Тојода, кој наредил да се преработи веќе готовиот автомобил. Тој побарал од инженерите купето да се разликува од BRZ најмногу во однос на перформансите. Моделот на Toyota не мора да биде многу побрз од моделот на Subaru, но да добие нови поставки за шасијата и управувачот.

Поради барањата на Тојода, новиот GT86 (GR86) ќе се појави не порано од март 2022 година. Така барем засега стојат работите. Од таквиот развој на настаните, барем во моментов најмногу корист има Subaru кој веќе се продава без конкуренција од својот пандан со логот на Toyota.