По играчите на Реал Мадрид кои неодамна добија нови автомобили од марката Audi, сега нови службени автомобили добија и играчите на Барселона

На кого падна изборот?

Од 2019 година, партнер на каталонскиот клуб е нововоспоставениот бренд Cupra, одвоен од шпанскиот Seat. Договорот беше склучен за период од пет години. Примопредавањето на новите автомобили, кои играчите претходно сами си ги конфигурирале, се случи во тренинг центарот на Барселона – Ciutat Esportiva Joan Gamper.

Најпопуларeн автомобил меѓу играчите на Барселона е секако Cupra Formentor кој е првиот модел создаден исклучиво за оваа марка. Повеќето играчи се определиле за мат боја Magnetic Tech и топ моторот во понуда – 2.0 TSI со 310 КС со менувач DSG и погон на сите тркала.

Глобалниот амбасадор на Cupra – голманот Марк тер Штеген – ја избрал plug-in хибридната верзија на Cupra Formentor со 245 КС. Двајца дефанзивни играчи – Цемент Ленглет и Jуниор Фирпо пак се одлучиле за теренецот Cupra Ateca (2.0 TSI 300 КС)…