Кои автомобили најдобро ја задржуваат вредноста како користени според угледниот AutoBild
Автомобил со најстабилно задржување на вредноста во сите класи е Dacia Sandero Stepway TCe 90, кој е победник во сегментот на мали автомобили со задржана вредност од 66 проценти
Ова го покажува анализата на останатата вредност на Wertmeister, истражување спроведено од Auto Bild и Schwacke по 18-ти пат. Во истражувањето се влезени 350 модели во 13 сегменти на возила. Професионалците прегледале возила стари три години со измината километража од 60.000 километри.
Интересно, по долгогодишнота доминација на германските автомобилски марки, оваа година покажува дека конкуренцијата од странство (во однос на Германија) сега е рамноправна.
Во сегментот на спортски автомобили, Porsche и понатаму е пред конкуренцијата: Porsche 911 Carrera со погон на сите тркала е автомобил кој најмногу задржува од почетната вредност.
Mercedes го предводи сегментот на луксузни и комби автомобили со долги верзии – S и V-класа.
Нема промени и помеѓу добитници на награди за електрични возила во споредба со претходната година: Mini Cooper SE и Tesla Model S Maximum Range ја одбраниле титулата од претходната година.
Меѓу компактните теренци, победник е RAV4 2.5 Hybrid.
Генерално, кога станува збор за погонот, бензинците доминираат во повеќето категории, со исклучок на караваните и луксузната класа, каде дизел моторите се во преден план.
Wertmeister 2021. | ||
---|---|---|
Категорија | Модел | Задржана вредност |
Електрични возила (до 40.000 евра) | Mini Cooper SE | 59,63% |
Електрични возила (над 40.000 евра) | Tesla Model S Maximum Range | 61,24% |
Микроавтомобил | Hyundai i10 1.2 | 56,86% |
Мали автомобили | Dacia Sandero Stepway TCe 90 | 66,02% |
Ниска средна класа | VW Golf 1.5 TSI OPF | 53,73% |
Средна класа | Škoda Superb Combi 2.0 TSI 4×4 DSG | 49,81% |
Висока класа | BMW 540i xDrive | 44,44% |
Луксузна класа | Mercedes S 400d 4Matic L 9G-TRONIC | 48,62% |
Спортски автомобили | Porsche 911 Carrera 4S PDK | 57,95% |
Комби автомобили | Mercedes V-klasa 300 d 4Matic 9G-TRONIC | 56,44% |
Мал SUV | Mazda CX-30 e-Skyactiv G 2.0 M Hibrid | 57,50% |
Компактен SUV | Toyota RAV4 2,5 4×2 Hibrid | 57,78% |
Голем SUV | Range Rover Sport P400 3.0 | 50,11% |