Убедливо најбараниот автомобил во 44 европски земји во првите осум месеци од 2019 година бил VW Golf, а потоа следуваат Renault Clio и VW Polo

Врз основа на податоците кои ги собрал реномираниот focus2move.com од 28 земји на ЕУ, 3 земји на E.F.T.A. (Норвешка, Исланд и Швајцарија), Русија, Турција и земјите од поранешниот СССР и Западен Балкан, во периодот јануари-август биле продадени 311.966 единици VW Golf. На второ место е Renault Clio (248.683), а на трето VW Polo (194.505).

На 4-та позиција има уште еден модел на Volkswagen – SUV моделот Tiguan (179.440 примероци). На 5-та позиција со скок од 11-та позиција е Dacia Sandero (166.567). 

На 6-то место е Citroen C3 (165.051), кој има одличен резултат и скок од четири место. Седмото место е за Ford Fiesta (163.112 автомобили), a по неа следуваат Рeugeot 208 (162.201), Ford Focus (161.542) и Nissan Qashqai (160.888 единици).

Од 11-та до 20-та позиција редоследот е следен: 

Škoda Octavia (160.658), Opel Corsa (160.057), Dacia Duster (159.218), Renault Captur (154.038), Toyota Yaris (149.525), VW T-Roc (147.320), Peugeot 3008 (139.067), FIAT Panda (130.078), Mercedes A-klase (124.511) и Škoda Fabia (120.865).