Американското издание Jalopnik открива гробиштата на скоро 3.000 BMW модели кои се распаѓаат од 2015 година на депонија на отворено во Канада

Во 2015 година, канадското пристаниште Халифакс било погодено од силно невреме, токму во процес на превземање на нови BMW и Mini возила од брод до железница и камиони. Точно 2.966 нови автомобили во вредност од околу 150 милиони долари требало да тргнат на пат до изложбените салони и крајните клиенти. Но, времето било толку сериозно што морето добро ги „засолило“ паркираните автомобили.

Сето тоа било доволно за да реагира владината агенција Transport Canada, која наложила BMW да ги врати сите автомобили во фабриката и да ги поправи сите спорни делови, поради големата изложеност на солена вода. Од BMW тогаш соопштија дека сето тоа е премногу скапо и започна со отповик со кој едноставно ги замени автомобилите со нови и ги доставиле до клиентите.

Отповиканите примероци биле заборавени сè додека еден читател на Jalopnik ги сликал во близина на Ванкувер и фотките ги објавил на социјалните мрежи. Помеѓу 3.000-те луксузни автомобили се модели како М4 и М6 и Серија 7, како и еколошките i3 и i8.