Според германскиот ADAC дизел автомобилите, севкупно, се поеколошки од електричните!
Таканаречената афера Dieselgate наскоро би можела да се покаже како најголем технолошки блеф во историјата зад кој стојат глобалните политички, технолошки и финансиски интереси
ADAC, германскиот национален авто клуб, за прв пат во историјата, спровел севкупен еколошки баланс на сите опции за автомобилите. Резултат: Не постои погон кој севкупно, е еколошки најприфатлив.
И електричните автомобили севкупно гледано не се најчисти. За прв пат, отворено, систематски и чесно е оценето она што водечките светски експерти за автомобилските погонски системи го имаат нагласено уште во 2014 година, кога се воведени најновите еколошки стандарди Euro 6: ако електричните возила користат електрична енергија од термо централи на јаглен, на светско просечно технолошко ниво, вкупните емисии се поголеми отколку кај дизел моторите. И производството и складирањето на литиум-јонските батерии е еколошки многу сложено и оптеретувачко за околината. Екстремно! Освен ако не се смета дека нив некоја богата земја во контејнери ќе ги испорача во некоја „банана-држава“, во замена за користена технологија, која потоа ќе ги внесува во напуштени рударски окна.
Вкупните емисии на дизел автомобилите од средната класа (производство и рециклирање + производство на дизел гориво + потрошувачка) се 20 проценти повисоки отколку кај електричните (производство и рециклирање + реално производство на струја).
Од друга страна, електричните автомобили се еколошки најприфатливи во компактната класа и донекаде во ниската, но од средната класа па погоре (од Octavia на пример па нагоре), електричните возила, сметајќи ја просечно произведената струја (и онаа од нуклеарните централи е голем товар за животната средина) генерираат вкупно 20 проценти повеќе штетни гасови, првенствено јаглероден диоксид (СО2).
Климатски биланс во високата средна класа
Климатски биланс во ниската средна класа (компактни автомобили)
Климатски биланс – мали автомобили
Што е заклучокот: во одлуката да се „убијат“ дизел автомобилире, екологијата не била во преден план или воопшто не била важна. Клучот е во одлуката да се даде поттик на производството на хибридни и електрични автомобили за да се подобри технолошкото ниво и огромниот профит од производството односно да се забрза транзицијата кон електрични возила. А тоа нема да донесе толку многу еколошки, колку економски и политички предности. Тоа ќе донесе намалување на зависноста од арапската и руската нафта, односно ќе се намали потрошувачката, а со тоа и цената.
Ако се земе во предвид дека со емисиите на штетни гасови од дизелите манипулирале сите производители, а „дебелиот крај“ го извлече само Volkswagen, се чини дека аферата Dieselgate повеќе има врска со интензивната германско-руска технолошка и економска соработка и форсирање на Северниот ток, односно со „дисциплинирање“ на Германија, отколку со еколошките проблеми. Ова се потврдува со еколошките истражувања на ADAC за погонските системите во автомобилите.