Во годината која полека но сигурно останува зад нас, од сцената исчезнаа модели од кои некои се во продажба повеќе од една деценија

Од следната година, на купуачите во Европа нема да им бидат достапни 15-ина модели на автомобили, пишува JATO Dynamics, а ова се најпознатите од нив.

Alfa Romeo MiTo

Овој модел со 3 врати, кој пред една деценија на врвот од популарност привлекуваше и преку 50.000 клиенти годишно, едноставо веќе како да беше згазен од времето.

Во 2019 година, во Европа, е продаден во помалку од 1000 примероци.

Citroen C4 / DS 4

Овој француски хечбек, своевремено беше навистина привлечен. Сепак, се чини дека со доаѓањето на C4 Cactus овој модел стана вишок.

Отпаѓа и луксузната верзија на моделот односно DS 4. Во текот на 2019 година, продажбата се спуштила на само неколку стотици возила.

DS 5

DS 5 беше многу интересен автомобил,  а во 2011 година кога беше воведен изгледаше по малку и футуристички.

По скоро една деценија на пазарот, едноставно како да стана неинтересен за купувачите на премиум автомобили.

Fiat Punto

Годината која изминува значи крај за уште еден „историски“ модел. 

Ако се исклучи безбедносниот фактор, Punto со ниска цена сè уште може да биде одличен играч на пазарот.

Ford B-MAX

Само уште еден миниван кој ја загуби битката со кросоверите.

Кia Carens

Carens е исто така MPV автомобил кој не ја преживеа кросовер револуцијата во кросовер.

Toyota Verso

Некогаш важна алка во гамата на Toyota, таа беше оставена сама на себе во последните години.

Кросовер манијата само дополнително придонесе за „убиството“ на ова и слични MPV возила.

Toyota Avensis

Avensis е еден од оние модели кој во својата последна генерација на пазарот издржа скоро 10 години.

Иако побарувачката за седаните од D-сегментот се намалува, Toyota сепак не се откажува од оваа категорија на возила, па наместо Avensis, пристигна Camry, со многу подобри карактеристики и подобар избор.

Volkswagen Beetle

Новата „буба“, оживеана кон крајот на 20 век, не траеше подолго од две генерации.

Тоа е еден од ретките ретро модели (вклучувајќи ги MINI и Fiat 500) кој не ги исполнија очекувањата. Електричната револуција ја зацементира неговата судбина, па последната копија беше произведена ова лето.

VW Jetta

Легендарното име од гамата на Volkswagen кое едноставно мораше да го напушти европскиот пазар.

Компактните седани веќе скоро за никого не се интересни – веројатно единствениот полош пазарен избор е компакт со три врати. Концепти кои се отфрлени од Volkswagen.