Само еден ден по спојувањето помеѓу FCA и PSA, падна и првата жртва во италијанско-американската група

Како што пренесува магазинот Automobile Magazine, Alfa се откажала од моделите 8C и GTV, кои беа дел од 5-годишниот план откриен минатата година.

Двата спортски модела требаше да бидат лансирани на пазарот во 2022 година, но челниците на FCA решиле да ги ограничат инвестициите во нови модели.

Аlfa ќе се фокусира на кросовер сегментoт во наредните години, a прв член во проширување на семејството е моделот Tonale.

За 2022 година е планиран уште еден теренец, но во уште пониската Б-класа, веројатно она што беше најавено како наследник на згаснатиот компакт MiTo.

Во меѓувреме, редизајн ќе добијат Giulia и Stelvio.