Освен што се брзи, тие се и меѓу најбрзите автомобили на планетата

Една од предностите на електричните возила во споредба со оние со конвенционални мотори е дека тие имаат исклучително динамично забрзување. Причината лежи во тоа што електричниот мотор 100 проценти од достапниот вртежен момент го испорачува веднаш и го задржува преку целиот опсег на достапна моќност.

Од друга страна, конвенционалните SUS ги карактеризира крива на вртежниот момент, со тоа што е помалку достапен при пониски и повисоки вртежи, додека најизразен е некаде во средината. Електричните автомобили користат едностепена трансмисија, што дополнително ги подобрува перформансите, бидејќи нема загуба на време при промена на степенот на пренос. Како последица на сево ова е тоа што кога ќе се стисне на педалата за гас максималното забрзување е истовремено и континуирано.

Всушност, еден од најбрзите автомобили во светот е Tesla Model S. Верзијата P100D се напојува од тандем на електрични мотори, а во познатиот Ludicrous режим до стотка забрзува за само 2,5 секунди. Следната година, новиот Tesla Roadster ова време би требало да го намали времето на само 2 секунди, со максимална брзина до 400 km/h.

Меѓу популарните електрични модели е и Chevrolet Bolt EV, кој до 100 km/h забрзува за нешто повеќе од 6,5 секунди, додека Nissan Leaf истото го прави за 7,9 секунди. Новитетите во 2019 година се Audi e-tron и Jaguar I-Pace, со забрзувања од околу 5,5 и 4,5 секунди до 100 km/h.

Најспор, што воопшто не е изненадувачки, е Smart EQ ForTwo, на кој до „стотка“ му се потребни 11,6 секунди.

Во продолжение следат најбрзите седум автомобили на батерии за 2019 година. Со нив можете слободно да нагазите на педалата за гас без грижа на совест дека ја загадувате вашата околина. На сите нив до 100 km/h им е потребно помалку од седум секунди.

BMW i3

Верзијата Ѕ на популарниот мал баварец до 100 km/h може да забрза за 6,9 секунди. Неговиот електричен мотор генерира 184 КС и 200 Nm. Основниот модел е нешто помалку динамичен, забрзувајќи до „стотка“ за 7,3 секунди. Новата батерија за 2019 година ја проширува автономијата до 245 километри.

Chevrolet Bolt EV

Со огромна автономија од 380 километри, електричниот пулен на Chevy обезбедува 204 КС и 360 Nm. До „стотка“ забрзува за 6,6 секунди.

Audi e-tron

Новитетот за 2019 година има два електрични мотори кои испорачуваат моќ на сите тркала. Овој луксузен SUV до 100 km/h забрзува за 5,6 секунди и максимална брзина од 200 km/h. Автономијата му е 400 километри.

Jaguar I-Pace

Уште еден дебитант оваа година. Ова е првиот електричен модел на Jaguar. Го красат два електрични мотори (2 × 200 КС), исто како и моделот на Audi, a до 100 km/h забрзува за 4,8 секунди. Проценетата автономија е 375 километри.

Tesla Model 3

Компактниот американски модел можеби i не е толку брз како најпрестижните модели, но далеку од тоа дека е бавен. Верзијата Performance до 100 km/h забрзува за 3,5 секунди и со едно полнење може да помине над 500 километри. Модел Long-Range до „стотка“ забрзува за 4,7 секунди, а стандардниот за 5,8 секунди.

Tesla Model X

Семејно ориентираниот SUV е втор во листата според брзината. Според перформансите е многу блиску до перформансите на својот седан пандан. Поточно, Performance моделот до 100 km/h забрзува за само 3,1 секунди и може да се пофали со автономија од 465 километри. Стандардната верзија има нешто поголем опсег од 475 километри, но е побавна, и покрај прилично респектабилното забрзување од 4,9 секунди.

Tesla Model S

Најбрзиот електричен автомобил е перформантната верзија на Tesla Model S. Со голема автономија од 500 километри, овој суперседан до 100 km/h забрзува за 2,5 секунди. Дури и стандардната верзија не е слаба со 4,3 секунди, но затоа е шампион помеѓу електричните автомобили кога станува збор за автономијата – 540 километри.