Согласно условите за учество во Избор на Автомобил на годината за 2021 во Македонија, Националното жири за Избор на Автомобил на годината во Македонија ги одбра следниве возила кои влегуваат во финалето (по азбучен редослед):

  • Citroen C4
  • Land Rover Defender
  • Nissan Juke
  • Peugeot 2008
  • Škoda Octavia
  • Seat Leon
  • Toyota Yaris
  • VW Golf

Според однапред утврдената динамика следуваат и во тек се деталните запознавања со финалистите. Прогласувањето на победникот ќе биде на крајот од февруари 2021 година. Националното жири за Избор на Автомобил на годината во Македонија годинава по 26. пат го организира Изборот, и истиот е најстар и единствен Национален Избор.

Покрај наградата „Автомобил на годината во Македонија“, ќе биде доделено и признанието

  • „СУВ автомобил на годината“
  • „Томислав Биљарац“ – признанието за посебни достигнувања во автомобилската индустрија
  • EV на годината – признание на модел кој ќе донесе најмногу новитети во однос на електрификацијата.