Најбрзите кросовери за 2019 година
Од нивните перформанси би се засрамиле дури и некои суперавтомобили
На почетокот на XXI век, забрзувањето од 0 до 100 km/h за 7 секунди, беше за почит, а тоа беше показател дека станува збор за автомобил со спортски перформански. Максималната брзина од над 250 km/h се сметаше за исклучителна. 19 години подоцна овие вредности не се проблем дури и за теренците кои тежат над два тони.
Ова се десетте најбрзи SUV модели. Пред дваесет години, тие би биле наречени суперавтомобили.
Porsche Cayenne Turbo
Пред 15 години се сметаше дека во сегментот на премиум кросовери, големата борба ќе биде помеѓу Mercedes и BMW. Потоа се појави Porsche со Cayenne Turbo и ги поремети сметките на ривалите. Моделот и понатаму е еден од најбрзите претставници во оваа класа со забрзување од 0 до 100 km/h за 3,9 секунди и максимална брзина од 286 km/h, постигната на автопат во Германија, но со дополнителен пакет Sport Chrono. Погонот на Cayenne Turbo е 8-цилиндерски турбо со капацитет од 550 КС и максимален вртежен момент од 770 Nm. Се разбира, сето ова има цена. Основниот Cayenne Turbo чини 120.272 евра. Наскоро ќе се појави и Cayenne Turbo S E-Hybrid, чии карактеристики ќе бидат уште поимпресивни.
Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio
Покрај тоа што е еден од најубавите кросовери на планетата, исто така е еден од најбрзите модели во оваа класа. Погонскиот 6-цилиндерски агрегат во Quadrifoglio верзијата, е дизајниран од инженерите на Ferrari, има работен волумен од 2.9-литри, развива 510 КС и 600 Nm, во голема мера поради високо перформантните IHI турбини. Лимитот од 100 km/h со оваа верзија на Stelvio се достига за 3.8 секунди, а максималната брзина е 283 km/h. До неодамна, Stelvio Quadrifoglio беше најбрзиот кросовер на Нурбургринг, со резултат од 7 минути и 51,7 секунди. Потоа Германците се вратија и на врвот од оваа листа е Mercedes-AMG.
Mercedes-AMG GLC 63 S
Токму овој е автомобилот кој ги турна Италијанците од првото место на Нирбургринг. Најмоќниот GLC неодамна беше надграден, но неговите технички карактеристики се зачувани. Под хаубата е познатата 4.0-литарска V8 единица со две турбини, која развива 510 КС и 700 Nm. Моќта се дистрибуира со 9-брзински AMG Speedshift MCT. Додавајќи ја опцијата AMG Driver Package, кросоверот може да развие 100 km/h од место за 3.8 секунди и да достигне брзина од 270 km/h. Вклучува електронски ограничувач. Оваа машина времето на северниот лак на Нирбургринг го подобри за секунди.
Brabus 850 Coupe
Во овој случај, времето за забрзување од 0 до 100 km/h е исто како и кај GLC 63 S – 3,8 секунди. Многумина можеби Brabus не го препознаваат како производител на сериски автомобили, но формално тој е тоа. Затоа овој модел е вклучен во Top 10. Максималната брзина од 320 km/h е недостижна дури и за некои суперавтомобили. Тајната на ова достигнување е во моторот, чија моќност е зголемена на 850 КС, а максималниот вртежен момент достигнува 1.450 Nm, достапен на 2.500 вртежи во минута. А ако мислите дека Mercedes бара многу пари за AMG GLC 63 S (90.976 евра), проверете ја ценовната листа на Brabuѕ (182.424 евра).
Lister LFP
Британската компанија е слична на Brabus, a основата на nivniot проект e Jaguar F-Pace SVR. Во Велика Британија, чини 140.000 фунти, а за таа цена го добивате најбрзиот кросовер на планетата. Под капакот на автомобилот се наоѓа 5.0-литарски V8 со механички компресор, кој развива моќност од 680 КС. Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 3,5 секунди, а максималната брзина е 322 km/h.
Jeep Grand Cherokee Trackhawk
Ако се погледне максималната моќност на моторот, апсолутен лидер е Jeep Grand Cherokee Trackhawk. Тој се потпира на 6.2-литарскиот V8 од Dodge Challenger Hellcat. Моќта на „Американецот“ достигнува импресивни 717 КС, така што серискиот Trackhawk ги забележува впечатливите достигнувања дури и во трката за забрзување Забрзувањето од 0 до 97 km/h трае 3,5 секунди. Максималната брзина на овој кросовер е 290 km/h.
Lamborghini Urus
Пред извесно време, Lamborghini Urus беше најбрзиот автомобил во оваа класа, но ја загуби круната пред 2 месеци. Рекордите се нели нешто што се подобрува. Меѓутоа, како динамички показатели, Lamborghini Urus останува сила која секој треба да ја земе во предвид. 4.0-литарскиот V8 мотор развива 650 КС – повеќе од Huracan со V10 мотор. Затоа кросоверот е импресивен – од 0 до 100 km/h забрзува за 3,5 секунди, а максималната брзина од 305 km/h. Сето ова за многу висока цена – 180.000 евра.
Bentley Bentayga Speed
Кога за прв пат се појави кросоверот на Bentley, сите зборуваа за овој автомобил не само поради неговиот изглед, туку и поради максималната брзина од 301 km/h. Bentayga стана првиот SUV кој го преминал ограничувањето од 300 km/h, но потоа беше надминат од Urus. Меѓутоа, во март, Британците го вратија лидерското место со Bentayga Speed. Моќта на 6.0-литарскиот W12 со две турбини е зголемена од 608 на 635 КС, а времето на забрзување од 0 до 100 km/h е скратено од 4,1 до 3,9 секунди, додека максималната брзина е 306 km/h. Цената е исто така вредна – 207.451 евра.
Tesla Model X P100D
Електричните автомобили не можат да се пофалат со километражата или со максимална брзина, но како динамика тие се ненадминати. Tesla Model X, на пример, може да подигне 250 km/h, а до стотка стигнува за 3 секунди. Бензинските кросовери за такво нешто не се способни. Вкупната моќност на ова електрично возило надминува 760 КС, кои се секогаш достапни. Tesla Model X P100D располага со простор за 6 лица. Сепак, цената на кросоверот не е мала – над 150.000 евра.
Faraday Future FF 91
Кросоверот FF 91 требаше да стане сериски пред една година, но засега од Faradey даваат само нови и нови ветувања. Според експертите, многу е веројатно дека проектот ќе биде затворен и никогаш нема да го видиме завршниот автомобил. Сепак, машината има свои заслуги и веќе забележала некои импресивни достигнувања. Неофицијално Faraday Future FF 91 е најдинамичен SUV во светот. Постои официјално потврдno видео кое покажува како FF91 забрзува до 60 милји на час за samo 2,39 секунди. Машината тежи повеќе од 2 тона и генерира 1100 КС.