Кој e основачот на AMG? Која популарна кратенка е главната асоцијација за моделите на Mercedes со високи перформанси? Колку чинат автомобилите на AMG?

Ова се неколку од основни информации за еден од заштитните знаци на германската автомобилска индустрија.

Кој e основачот на AMG?

На 1 јуни 1967 година, AMG го основале двајца поранешни работници на Daimler, Ханс Вернер Ауфрехт и Ерхард Мелер. До средината на таа деценија, двајцата работеле во одделот за развој на Mercedes.

Што значи AMG?

Кратенката AMG е изведена од почетните букви на презимињата на основачите А (ufreht), M (elher) и првата буква од родниот град на Ауфрехт, G (roßaspach).

Во описот на компанијата стоело „инженеринг канцеларија, дизајн и развој на тркачки мотори“, што значи дека целта не била сериско производство на автомобили.

AMG на својот почеток бил дел од автомото спортот, за потоа да произведува возила, а денес e вклучен во развојот на спортски автомобили.

Кој е сопственик на AMG?

Од јануари 2005 година, AMG припаѓа на Daimler AG. AMG соработува со Mercedes од 1990-тите, за да во 1999 година Diamler преземе 51% од акциите на компанијата и ја преименува во Mercedes-AMG GmbH.

Колку чини еден AMG?

Ценовно најпристапниот AMG модел е A35 чија почетна цена изнесува 47.529 евра во Германија. За овие пари добивате 4-цилиндри со 306 КС, 18-инчни алуминиумски тркала, двоен издув и многу агресивен дизајн.

Сепак, кај AMG моделите нема лимит, па така најскапиот хиперавтомобил е Prоject One, кој чини околу 2,7 милиони евра. Овој автомобил користи хибридна технологија од Formula 1 и развива повеќе од 1.000 КС. Од овој модел се предвидени само 275 единици кои веќе се комплетно распродадени.

Каде се прават AMG автомобилите?

Погонските единици рачно се склопуваат во фабриката на AMG во Афалтербах, на само 20 километри од седиштето на Daimler во Штутгарт.

Секоја погонска единица се прави по прицип еден човек, еден мотор. Потоа овие мотори се испорачуваат во фабиките на Mercedes како оние во Сиделфинген и Бремен.

Наскоро Mercedes за првпат ќе прави еден AMG модел надвор од Германија, а станува збор за проширената верзија А35.