Кои се најбезбедните автомобили за 2019 година / ВИДЕО
По завршувањето на сите краш тестирања минатата година, EuroNCAP објави рејтинг листа со најбезбедни нови модели на европскиот пазар
Во 2019 година, EuroNCAP ги тестирал безбедносните карактеристики на 55 нови автомобили, од кои 41 добиле максимум 5 везди.
Во класата на поткомпактни возила (т.н. супермини) првото место го делат Renault Clio и Audi A1, додека зад нив е новиот Ford SUV, Puma.
Најбезбеден модел во категоријата мали семејни возила е Mercedes CLA пред Mazda3.
Кога станува збор за категоријата на големи семејни автомобили, првото место го делат два возила со „тројка“ во името – Tesla Model 3 и BMW Серија 3. Американскиот електричен седан и баварскиот седан со конвенционален погон имале ист резултат на безбедносните тестови. Зад овие два модела е бестселерот на Škoda, моделот Octavia.
Електричен модел е прва на листата најбезбедни и во категоријата на големи SUV модели. Најбезбеден во оваа категорија е Tesla Model X пред Seat Tarraco.
Во класата на малата SUV / MPV модели, на првото место е Subaru Forester, а второто место го делат Mazda CX-30 и Volkswagen T-Cross.
Последната, шеста категорија се однесува на електрични и хибридни автомобили, а тука сосема очекувано доминираат моделите на Tesla – седанот Model 3 и SUV моделот Model X.