Шпекулациите велат дека групата Volkswagen може да се откаже од најмалку двa од три бренда во следните десет години

Volkswagen е во рана фаза од спроведување на својата стратегија Vision 2030 година, која вклучува обемна реконструкција на автомобилскиот гигант во наредните 11 години, вклучувајќи и евентуална продажба на некои премиум брендови.

Како што дознава Automobile повикувајќи се на инсајдерските информации, иднината на брендовите Audi и Porsche е загарантирана во рамките на групата. Што се однесува до „мејнстрим“ производителите како што се Škoda i Seаt, се очекува секој од овие брендови да усвои нов дизајнерски јазик по кој ќе се издвојуваат на пазарот.

Сепак, кога станува збор за Bentley, Bugatti и Lamborghini, овие брендови може да бидат продадени или дури и целосно затворени.

Како што се наведува Bentley е прв меѓу кандидатите за продажба, бидејќи во групата сметаат дека е „премногу старомоден“.

Automobile пишува дека на VW групата повеќе би и се исплатело да инвестира во нешто што е трендовско од инвестирањето во автомобили како Bentley. Според истиот извор, клиенти за традиционалниот британски бренд може да се најдат во Кина. Сепак, доколку и дојде до ваков развој на настаните, продажбата може да се случи дури за околу десет години, бидејќи стратегијата за иднината на VW е за периодот до 2030 година.

Во меѓувреме, Bentley треба да лансира уште еден SUV модел, за што веќе некое време се шпекулира, а до крајот на 2019 се очекува да дебитира новиот Flying Spur.

Кога станува збор за брендот Bugatti, тој би требало да прејде под ингеренции на Porsche, вели од Automobile.

Најнеизвесна е иднината на Lamborghini. Челниците на групата VW, наводно, побарале проценка на финансиските потенцијали на италијанскиот производител. Во случај новите инвестиции во Lamborghini да можат да направат голем профит, брендот ќе остане во сопственост на Volkswagen – во спротивно, ќе го понудат за продажба.

Од дрга страна, додека кружат шпекулации за продажба на одредени брендови, во меѓувреме би можело Volkswagen да формира сосема нов бренд, специјализиран за производство на електрични автомобили. Ако се земе во предвид предвидената електрична офанзива, ова и не изгледа како нелогичен потег.