6 тајни нешта во современите автомобили
Што се крие во салонот на одредени автомобилски модели?
Дали го познавате вашиот автомобил во целост? Не станува збор за тоа дали може да ги вклучите различните режими на клима уредот, туку за нешта во просторот за возачот и патниците, а „скриени“ од самите автомобилски производители. Еве некои од нив.
Пустинска мапа во Jeep Renegade
Ако внимателно погледнете во одделот за ситни предмети, пред менувачот во Jeep Renegade, ќе видите некои чудни линии. Тоа, всушност, е топографска карта на пустината Мохаве, во американската сојузна држава Јута, која е популарно место за љубителите на офроуд возење.
Тајните на екранот на допир во Tesla Model S
Ако во моделот S P85 изберете опција „About“ на 17-инчниот екран на допир, а притоа го држите логото P85 некое време, ќе видите слика на сите оние кои работеле на развојот на автомобилот. Но, тоа не е сè. Ако го задржите копчето „Tesla“ во главното мени на 5 секунди, а потоа го внесете кодот „007“, сликата на автомобилот ќе се смени и ќе го видите моделот Lotus Esprit на Џејмс Бонд од филмот „Шпионот кој ме сакаше“ од 1977 година.
Пластичната ајкула во Opel Corsa
Ако поседувате Opel Corsa, произведена помеѓу 2006 и 2014 година, можете да најдете слика од ајкула во одделот за ракавици. Според гласините, станува збор за кладба помеѓу двајца дизајнери на компанијата. Во секој случај, ајкулата во автомобилот е интересен и уникатен детал.
Тајната преграда во Dodge
Ако сакате да скриете нешто многу важно од љубопитните очи, тогаш дефинитивно може да размислите за купување Dodge Dart. Причината е тоа што pod совозачкото седиште постои специјален таен оддел со прилично пристоен капацитет. Бидете внимателни да не носите забранети работи преку границa!
Скриен чадор во Škoda Superb
Доказ дека не само суперскапите модели на Rolls-Royce имаат таен чадор на вратата. Истото важи и за многу поевтиниот Skoda Superb. И што е најважно, не станува збор за евтин чадор од 20 долари, туку за квалитетен додаток. Во преградата може да го ставите дури и ако е мокар, бидејќи и тоа е предвидено.
Тајната преграда во Chevrolet Impala
Моделот Chevrolet Impala од 2014 година има една од најзаштитените прегради за вредни предмети. Со притискање на копче, централниот екран се движи нагоре и открива прилично простран оддел во кој можете да сместите нешто вредно.