Formula 1: Хамилтон стави печат на сезоната
Луис Хамилтон, старо-новиот шампион во Formula 1, сезоната ја заврши на најдобар начин – со победа на Големата награда на Обединетите Арапски Емирати.
Хамилтон извозе уште една исклучителна трка во Абу Даби и стигна до 73. триумф во кариерата, 11 во сезоната зад нас, а рекордна за Британецот.
Британецот уште порано пред последната трка веќе ја имаше обезбедено петтата титула во кариерата, со која се изедначи со Хуан Мануел Фанџо, па пред него сега е само Михаел Шумахер со седум.
Луис Хамилтон во Абу Даби го бодреше неговиот голем пријател, актерот Вил Смит, кој беше гостин во боксот на Mercedes, а овој му врати со одличен настап – уште во раната фаза од трката тој влезе во боксот по ултрамеки гуми, се врати како шести, а потоа само чекаше да му се отвори патот кон лидерската позиција. Тоа се случи на 20-тина кругови пред крајот, по што Хамилтон само ја одржуваше предноста пред останатите.
You better win bro… ??? @MercedesAMGF1 pic.twitter.com/vgHNamIiKW
— Lewis Hamilton (@LewisHamilton) November 25, 2018
Зад Хамилтон останаа Себастијан Фетел и Макс Ферестан, додека најдобрата десетка ја дооформија уште Рикардо, Ботас, Карлос Саинц, Леклер, Серхио Перес, Роман Грожан и Кевин Магнусен.
Трката во Обединетите Арапски Емирати беше исклучително интересна во првиот и доста неинтересна во вториот дел, а почна со стравичниот судар на Нико Хулкенберг, кој по контактот со Грожан, како катапултиран се одби и двапати се преврте. За среќа, остана повреден, а новиот систем за заштита на возачот веројатно му го спаси животот.
A scary start to the final race of the season for @HulkHulkenberg ?
He walked away unscathed from his big collision with Romain Grosjean#AbuDhabiGP ?? #F1 pic.twitter.com/bAVm0LRgtQ
— Formula 1 (@F1) November 25, 2018
За да трката барем во одредени делови биде интересна се погрижија Ферстапен, Ботас, Леклер и Саинц, а оваа трка ќе остане запаметена и по неколку детали – двојниот шампион Фернандо Алонсо се повлече од Formula 1 (трката ја заврши на 11. место), Кими Раиконен поради проблем со електрониката не го заврши последниот настап за Ferrari, a Даниел Рикардо го успешно го затвори поглавјето наречено Red Bull.
We knew they were coming ?
But we didn't know it would be these three ? ?#AbuDhabiGP #F1 pic.twitter.com/PAZF1QEsfA
— Formula 1 (@F1) November 25, 2018
When you've won 73 #F1 races, finding new ways to celebrate isn't easy ?#AbuDhabiGP pic.twitter.com/2O2ItL8sCe
— Formula 1 (@F1) November 25, 2018
Хамилтон оваа сезона освои рекордни бодови – 408, а како и во претходните сезони, Mercedes ја освои титулата во конкуренција на конструктори.
Во генералниот пласман на крајот немаше премногу промени – Фетел остана на второто место, а Раиконен трет и покрај тоа што не ја заврши трката.
2018 Abu Dhabi Grand Prix: Резултати
2018 Abu Dhabi Grand Prix: Race Highlights
2018 Abu Dhabi Grand Prix: Изјавија по трката
Луис Хамилтон
„Пресреќен сум, ви се заблагодарам на сите за поддршката во текот на целата година. Ми беше чест и привилегија да се тркам со Себастијан. Го знам уште од младите денови, од Formula 3, тој е возач кој секогаш давал се од себе. Има многу притисок и не си судите себеси и врз основа на своите грешки. Знам дека следната сезона ќе се врати посилен“, рече Хамилтон по трката.
„Фернандо е легенда. Ние сме привилегирани затоа што се тркавме заедно со него. Во текот на целиот викенд ме прашуваа дали ќе ми недостига. Не мислам дека може да ми недостига некој друг возач, но ќе му недостасува на спортот и на мене во овој спорт“ додаде Хамилтон.
Себастијан Фетел
„Хамилтон е голем шампион и заслужи да биде шампион. Ова беше тешка година. Се обидов на два пати до последниот круг, но тој ја контролираше трката. Секако дека ќе сакав денес да се боревме за титулата. Ќе се обидеме да бидеме конкурентни следната година. Секоја чест за Фернандо, ни недостасуваше и ќе ни недостига“, изјави Фетел по трката.
Фернандо Алонсо
It's goodbye (for now) from Fernando Alonso ?#GraciasFernando pic.twitter.com/7V7Fm9kW0J
— Formula 1 (@F1) November 25, 2018
“I love you guys, see you very soon.”
We’ve thanked Fernando and now he sends his thanks to you, our fans. ?#GraciasFernando pic.twitter.com/r2sjTi4rSI— McLaren (@McLarenF1) November 25, 2018
Даниел Рикиардо
He gave it everything but @danielricciardo couldn't quite make it a podium shoey to mark his 100th and final race for @redbullracing#AbuDhabiGP pic.twitter.com/XBL7HdgoMs
— Formula 1 (@F1) November 25, 2018
Нико Хулкенберг
Reaction from @HulkHulkenberg and @RGrosjean to that scary looking crash early on at the #AbuDhabiGP ? ?? #F1 pic.twitter.com/WqFrAaNbO9
— Formula 1 (@F1) November 25, 2018
Наредната сезона започнува на 17 март со ГН на Австралија во Мелбурн.