На сопствено тестно возило наречено „Кооперативен автомобил“ (Co-operative Car), германскиот Mercedes ги демонстрира можностите на нова технологија која овозможува деликатна комуникација помеѓу возилата и пешаците, благодарение на употребата на светлосни сигнали и сензори

Споменатото возило се користи за потребите на анализа на реакција, односно интеракција на пешакот со автомобил опремен со автономна технологија за возење.

„Кооперативниот автомобил“ е модифицирана верзија на предводникот во гамата на Mercedes, Ѕ-класа, кој поседува висок степен на автономија, бидејќи е опремен со сет на сензори, светлосни ленти и звучници преку меѓу останатото се пренесуваат и аудио пораки.

Автомобилите како оваа S-класа, во моментов се користат за истражување на Центарот за автоматско паркирање во Штутгарт, кое го спроведуваат Daimler и Bosch, а „кооперативниот автомобил“ е уште понапреден со неколку додатоци кои овозможуваат комуникација помеѓу возилото и пешаците.

Mercedes наведува дека пешаците се чувствуваат значително порелаксирани кога се опкружени со автономни автомобили кои се јасно обележани како такви. Сепак, возилата без човек што би бил зад воланот сеуште се посебен предизвик за иднината.

Лишен од можноста да воспостави контакт со очите на возачот, на пешакот ќе му треба нов начин за воспоставување на комуникација со возилото со цел да се развие повисоко ниво на доверба во сообраќајот. Токму на ова место, на сцена стапуваат светлосните ефекти на „кооперативниот автомобил“.

Сигналите кои се емитуваат во тиркизна боја ги информираат пешаците дека возилото со кое се соочуваат е самовозечко. Mercedes ја одбрал оваа нијанса, бидејќи нејзиното појавување во секојдневниот сообраќај е невообичаено. На пример, темно сината може да се помеша со ротационите светла на службите за итни случаи, црвената боја е поврзана со семафорите, додека жолтата боја укажува на некои предупредувања.

Тиркизната нијанса е неутрална, па во германската марка сметале дека е многу погодна за комуникација помеѓу пешаците и автономните возила, а се надеваат дека затоа и ќе стане индустриски стандард широко прифатена за сите автономни автомобили.

На кровот на „кооперативниот автомобил” има LED светилка со тиркизна боја со кружна лента во секој агол од покривот на возилото. Светлосните ленти со прилагодливи LED сијалици користат сензори кои ја контролираат пешачката активност и формираат два пара очи – еден напред, а другиот позади.

Таквите „LED очи“ се во можност да го следат движењето на лица кој се наоѓаат во непосредна околина на автомобилот, со што се овозможува да им биде дадено до знаење дека се забележани од страна на системот со кој е опремен „кооперативниот автомобил“. Возилото може да испрати невербална порака до пешаците или сугестија, како на пример од која страна на автомобилот пешакот да помине на најбезбеден начин.

„Кооперативниот автомобил“ е во состојба да препознава човечки лик. Ако оцени дека пешакот не го препознал автономното возило, ќе обезбеди звучна порака за лицето во близина да добие соодветна информација.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1DLyAzaPFtd5xnabrFNDN8KnZSOUnobKa” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Тука се уште две светлосни ленти поставени на врвот на шофершајбната, и напред и назад. Светлата на нив пулсираат со опаѓачко темпо во ситуации во кои автомобилот успорува, и обратно. Постојаното трепкање на тиркизни светилки сигнализира на околината дека „кооперативниот автомобил“ се подготвува за движење.

Процесот на „будење“ на возилото вклучува и реакција од системот за воздушно потпирање со кој е опремен „кооперативниот автомобил“. Како и во случајот со тиркизните „очи“, од Mercedes наведуваат дека на секој начин сакале автомобилот да потсеќа на „жив“ објект, овозможувајќи им така на луѓето поинтуитивно да го разберат однесувањето на „кооперативниот автомобил“.

Раководителот на Daimler одговорен за транспортот на иднината, Александар Манковски, вели дека следниот голем предизвик за компаниите кои се занимаваат со развој на автономни возила ќе биде токму интеракцијата помеѓу возилото и пешаците.

„Дискусијата за основните прашања веќе е иницирана меѓу производителите. Пошироки идеи, како што е, на пример, будењето на автомобилот, може да биде предмет на понатамошни преговори кои ќе се одржуваат во текот на следните пет до шест години“, вели тој.