После Golf, софтверот проблем и за бестселерот на Škoda
Од истата причина, во фаза на испитување е и софтверот за новата генерација на моделите Seat Leon и Audi A3
Според Autonews Europe, повикувајќи се на официјален извор од Volkswagen, проблемот се однесува на системот кој му овозможува на возилото автоматски да контактира со службите за итни случаи во случај на несреќа, функција која веќе две години е обврзувачка за новите модели во Европа.
Сега, заради овој проблем, црвен аларм е вклучен во целата група Volkswagen, а покрај Golf, под лупа е уште еден исклучително важен модел за оваа фрупација – новата Škoda Octavia.
Škoda Octavia е долгогодишен бестселер на чешкиот производител и ако проблемот се открие откако ќе почнат испораките, илјадници примероци би биле потенцијално загрозени.
Затоа Škoda најави дека ќе преземе превентивни мерки за да спречи такво нешто, што значи дека испораките на автомобили до клиентите се привремено стопирани, исто како што е случајот со Golf 8.
Се проценува дека ажурирањето на софтверот во Golf ќе стане достапно помеѓу 15 и 21 јуни, следствено и за моделот Škoda Octavia.
Од истата причина, софтверот се тестира и во новата генерација на моделите Seat Leon и Audi A3, со оглед на тоа дека и Golf и Octavia припаѓаат на истата генерација на компактни автомобили од VW Group.