Откако Toyota соопшти дека минатата година продала 10,59 милиони возила на глобално ниво, веќе се е познато

Најмногу автомобили во 2019 година на глобално ниво продала групацијата Volkswagen, а со тоа е отстранета неизвесноста околу тоа дали можеби големиот конкурент Toyota бил подобар, бидејќи јапонскиот производител официјално објави дека минатата година продал 10,59 милиони возила на глобално ниво.

Со оглед на тоа дека Volkswagen претходно објави дека испорачал 10,83 милиони единици, јасно е дека во 2019 година го надминал својот голем конкурент.  

Групата VW била поуспешна и од алијансата Renault-Nissan, која лани продала вкупно 10,75 милиони возила и исто така е пред Toyota.

Имено, Nissan во 2019 година испорачал 5,65 милиони автомобили, а Renault 3,9, додека третиот производител во рамките на алијансата – Mitsubishi, исто така има добар придонес во вкупната продажба со 1,2 милиони возила.

Потсетување дека американскиот General Motors (GM) беше шампион во продажба на возила на глобално ниво повеќе од седум децении, пред да биде соборен од Toyota во 2008 година. Продажбата на General Motors (GM) во последните години е намалена, така што оваа компанија со седиште во Детроит, со околу 9 милиони возила што се продаваат на годишно ниво, повеќе не е вистински конкурент во оваа трка на гигантите.

Интересно е тоа што минатата година продажбата на Toyota пораснала за 2,0% споредбено со 2018 година, додека на Nissan се намалила за скоро 3,0 проценти. MItsubishi има раст на годишно ниво од 18 проценти, a 3,5 проценти има Renault.

VW Golf повторно е на тронот на Европа, а Dacia со два модела e во Топ 10!