Дури 78 проценти од произведените автомобили минатата година имаат бела, црна, сива или сребрена боја на каросеријата, додека останатите 22% од новите возила биле обоени во хроматски бои

Со околу 160 нијанси, сината е лидер во разновидноста на боите за автомобилите, додека најмногу од возилата на глобално ниво во 2019 година биле во бела боја, покажуваат резултатите од Извештајот за автомобилски бои за 2019 година објавен од германскиот BASF.

Дури 39 проценти од автомобилите произведени минатата година биле обоени со бела боја, а со тоа белата ја потврди својата лидеркса позиција на списокот со најпопуларни бои на автомобили, која ја држи долги години.

Сепак, возачите кои сакаат да ја покажат својата индивидуалност и оригиналност, често се одлучуваат за сина или црвена боја, така што овие бои се обоени 9, односно 7 проценти од автомобилите произведени во 2019 година.

На врвот на популарните бои за автомобили се и црната, сивата и сребрената, со кои збирно се офарбани 39% од автомобилите произведени во 2019 година, а новитет е тоа што кафената и беж боја минатата година за прв пат нашле место помеѓу омилените автомобилски бои.