Класификацијата е на британскиот авто магазин What Car

Британскиот What Car е специјализиран за подготовка на различни класификации. Овој пат, неговите експерти се занимавале со автомобилите кои имаат најниска потрошувачка на гориво, а можат да се сретнат на патиштата во Европа. За да бидат во чекор со новите трендови и сè построгите барања еколошки норми, авторите од класификацијата ги исклучиле автомобилите со дизел погон, а има модели опремени со хибриден систем.

  1. Dacia Sandero 0.9 TCe – 4,45 l/100 km

Романскиот модел е на последното место во ова рангирање, но по цена е убедливо на првото место. Тоа, заедно со потрошувачка помала од 4,5 l/100 km, го прави одличен избор за многу пазари во Европа. Под хаубата на хечбекот се наоѓа 0.9-литарски 3-цилиндерски мотор од 90 КС и 135 Nm.

  1. Seat Leon 1.0 TSI SE – 4,43 l/100 km

Станува збор за претходната генерација на моделот, бидејќи новата штотуку ја имаше својата премиера. Под капакот на моторот на оваа верзија е поставен 3-цилиндерски мотор со волумен од 999 cm3 (1.0-литарски), кој развива моќност од 115 КС. Ознаката SE значи дополнителен пакет за животна средина кој, покрај намалувањето на емисиите, ги намалува и трошоците.

  1. Kia Picanto 1.0 – 4.41 l/100 km

Корејскиот хечбек е скромен ако се земе во предвид моторот од 1.0-литри. Моторот има 3-цилиндри и моќност од 67 КС, што ја објаснува ниската потрошувачка на гориво што ја нуди моделот.

  1. Volkswagen Up 1.0 TSI – 4,38 l/100 km

Германскиот градски автомобил во овој случај е претставен со помоќната верзија – 1.0 TSI, во која 3-цилиндерскиот турбо мотор има моќност од 90 КС. Оваа опција, покрај тоа што троши малку повеќе, исто така е  малку поскапа.

  1. Seat Ibiza 1.0 TSI – 4,35 l/100 km

Шпанскиот еквивалент на Volkswagen Polo може да се пофали со мала потрошувачка на гориво во верзијата со 1.0-литарски, 3-цилиндерски турбомотор со 95 КС (истиот мотор е достапен и со 115 КС).

  1. Skoda Citigo 1.0 – 4,26 l/100 km

Чешката компактен градски автомобил постигнува сличен резултат благодарение на малата големина и 1.0-литарскиот 3-цилиндерски бензински мотор, кој развива 75 КС. Неодамна, беше претставена и електрична верзија од моделот.

  1. Suzuki Baleno 1.0 – 4,26 l/100 km

Јапонскиот модел има исто постигнување како и Škoda Citigo. Под капакот на моторот е поставен 1.0-литарски мотор со 68 КС.

  1. Volkswagen Up 1.0 – 4.21 l/100 km

Германскиот субкомпактен модел е во водечката тројка од најекономичните бензински модели достапни на европските пазари. Се напојува со 3-цилиндерски бензински мотор со зафатнина од 1.0-литри и моќност од 75 КС.

  1. Suzuki Celerio 1.0 – 4,07 l/100 km

Второто место е за ценовно најдостапниот модел на Suzuki кој се продава во Европа. Тој е опремен со 3-цилиндерски бензински мотор од 68 КС. Во овој случај, декларираната потрошувачка на гориво е нешто над 4 l/100 km.

  1. Suzuki Ignis 1.2 SHVS – 3,95 l/100 km

Компактниот јапонски хечбек е на првото место благодарение на „благиот“ хибриден систем и е единствената единица што покажува просечна потрошувачка на гориво помала од 4.0 литри на 100 километри. Под капакот на моторот се наоѓа 1.2-литарски бензински мотор кој развива 90 КС и 120 Nm.