Рикиардо во McLaren, Саинц Јуниор во Ferrari?
Како што пренесува autosport.com, Даниел Рикиардо постигнал договор со Mclaren за 2021 година. Потврда за оваа вест се очекува во текот на неделата
Како што се наведува, Даниел Рикиардо ќе го замени Карлос Саинц во Mclaren следната година, а заминувањето на Саинц во Ferrari ќе биде потврдено во исто време.
Договорите на Рикиардо и Саинц истекуваат на крајот на оваа сезона, иако McLaren имаше опција да го продолжи договорот на Саинц за уште една година.
Рикардо во врска со McLaren беше доведуван уште во 2018 година, во моментот кога одлучуваше дали да ја продолжи соработката со Red Bull. Тој Австралиецот се одлучи за Renault, а Саинц пристигна во McLaren од францускиот конструктор.
Заминувањето на Рикиардо ќе отвори место во Renault, па ќе биде интересно да се види кој ќе му се придружи на Естебан Окон. Веќе има приказни дека Фернандо Алонсо покажал интерес повторно да се врати во Renault, што би билo трет пат да вози за Французите.