Сопственикот е загрижен дека целиот негов автомобил може да се распадне

Уште еден пример кој ја поддржува тезата дека Tesla е млада и неискусна компанија која сè уште не може да се натпреварува со премиум ривалите според квалитетот на своите производи. Ако досегашните поплаки се однесуваа на квалитетот на лимот, пластиките, каросеријата, неправилни форми…, сега на нив им се придружува уште една која воопшто не е наивна.

Станува збор за грешка која толку го трауматизирала сопственикот на автомобилот што решил својата приказна да ја сподели на социјалните медиуми, а со тоа и лично да му се обрати на Илон Маск. 

Приказната доаѓа од Блекпул, Велика Британија, каде новиот сопственик на Tesla, Model 3, имаше непријатно искуство. По околу 30 километри изминати тој ден, тој пристигнал пред својот двор и уфрлил во рикверц. Во тој момент неговиот волан едноставно кажано отпаднал.

Сопственикот е голем обожавател на Tesla, но признава дека проблемите постојат уште од почетокот. Така, испораката требало да биде во октомври минатата година, а автомобилот пристигнал кон средината на март. А тогаш е воведен карантинот, па тој не можел да вози многу. Досега извозел само 550 км.

Како што пишува NY Post, цитирајќи го сопственикот, Tesla Motors во официјална изјава признава дека управувачот не бил правилно прицврстен. Ќе се спроведе истрага и ќе ја информираат јавноста. Дефектот на автомобилот е отстранет и сопственикот си го добил автомобилот назад веќе следниот ден.

Инаку, Tesla не е единствениот производител со вакви проблеми. Во 2018 година, Ford повлече 1,4 милиони автомобили заради опасност управувачот да може да отпадне.