Volkswagen, Toyota, Hyundai и Fiat Chrysler се подготвуваат да го рестартираат производството во фабриките во САД, кои се затворија поради пандемија на коронавирус

Погоните треба да бидат стартувани на почетокот од мај, иако синдикатите велат дека овој потег е предвремен поради загриженоста од повторно ширење на вирусот.

 

„Во овој момент UAW не смета дека научните податоци како убедливи кога станува збор за безбедноста на нашите членови на работното место“, велат од телото. „Ние не направивме доволно тестирања за целосно да разбереме со каква закана се соочуваме“.

Овој синдикат ги претставува работниците во фабриките на GM, Ford и FCA. На почетокот od април, Fiat Chrysler ја објави својата намера за постепено рестартирање на производството во САД и Канада, почнувајќи од 4 мај. Портпаролот на компанијата овој план го потврди во петокот.

Но UAW не ги претставува работниците во фабриките на Volkswagen (VLKPF), Toyota’s (TM) и Hyundai (HYMTF), кои исто така ги објавија своите планови за започнување со производството околу 4 мај.

Секој од овие производители, кој планира да продолжи со работа, вели дека ќе следи препорачаните протоколи за да се обезбеди безбедност на работниците и да се ограничи можното ширење на инфекцијата. Меѓу другите мерки, Vоlkswagen, со фабрика во Тенеси и Hyundai со седиште во Алабама, ќе воведат проверки на температурата на телото на работниците. VW ќе и обезбеди заштитна опрема, вклучувајќи маски и нараквици.

UAW соопшти дека се потребни дополнителни дискусии и планирање пред да започне производството на автомобили. Овој синдикат сè уште е во разговори со GM, Ford и Fiat Chrysler за изнаоѓање на најбезбеден начин за повторно отворање на фабриките.

Од друга страна, Ford и GM вчера потврдија дека немаат планиран датум за продолжување на работата во фабриките.

„Ние продолжуваме да ја оценуваме состојбата со јавното здравје, упатствата на надлежните органи и подготвеноста на добавувачите да утврдат кога е време да се продолжи со производство“, вели портпаролката на Ford.

Honda во четвртокот објави дека ќе ја продолжи суспензијата на производството во САД најрано до 8 мај.