Со оваа Одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 7,76%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 21.04.2020 година

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,50 денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 21.04.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 49,50 ден/лит. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2,00 денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 21.04.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 52,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 4,00 денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 21.04.2020 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 42,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 3,50 денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 21.04.2020 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 30,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,178 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 21.04.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 16,945 ден/кг.