Убедливо највредниот автомобилски бренд во 2022 година е Tesla со речиси 76 милијарди долари, што е повеќе од двојно повеќе од Toyota

Светот на автомобилите драстично се промени во последните десет години. Електрификацијата и „војната“ против емисиите на CO2, како и растот на азискиот пазар драстично го променија односот меѓу најголемите, а суверен светски лидер е Tesla, без разлика дали се гледа проценката на вредноста на брендот или сировите податоци за вредноста на акциите на берзите.

Кога станува збор за вредноста на брендот, тоа е процес во кој се земаат предвид многу фактори, од финансиски резултати и продажба, состојба на берзата, преку имиџ, до технологија, патенти, иднината…

Убедливо највредниот автомобилски бренд во 2022 година е Tesla со речиси 76 милијарди долари, што е повеќе од двојно повеќе од Toyota, која е втора на листата со околу 33 милијарди долари. Следат Mercedes и BMW, а брендовите Volkswagen и Ford кои порано беа блиску или на самиот врв сега се далеку поназад. Tesla е речиси шест пати повреден автомобилски бренд од Ford и осум пати повреден од VW, пред кој се проби дури и кинескиот BYD.

Со својата вредност од 76 милијарди долари, Tesla е сè уште џуџе во споредба со најголемите светски компании надвор од автомобилската индустрија. Apple е највредниот бренд во светот и вреди 947 милијарди, Google е втор со 820 милијарди, а трет Amazon кој вреди 705 милијарди долари.

Топ 10 највредни автомобилски брендови (во милијарди долари):

  1. Tesla 75,93
  2. Toyota 33,11
  3. Mercedes-Benz 30,35
  4. BMW 27,59
  5. Ford 13,21
  6. Honda 11,12
  7. Audi 10,67
  8. BYD 10,52
  9. Volkswagen 9,25
  10. Porsche 8,61