Ништо чудно за паркинг во Монте Карло, но… 

Видеото кое неодамна го понуди познатиот блогер Shmee150 доби голема популарност и голем број на прегледи. А има и зошто. На видеото е покажан паркинг во Монте Карло, кој може да ја добие титулата „најскапиот“ во светот. На него се паркирани околу 70-тина супер автомобили и други луксузни автомобили.

Веројатно и не би било ништо чудно кога станува збор за Монте Карло, но до моментот кога ќе сватите дека станува збор за паркинг за автомобили подигнати од градската пајак служба поради погрешно паркирање. Сите овие автомобили биле донесени за време на Formula 1 трката за ГН на Моноако која се одржа на 26-ти мај. Интересно е тоа што некои од автомобилите биле донесени не само за погрешно паркирање, туку и за многу гласниот звук кој го произведуваат нивните мотори (во Монако се казнува и тоа).

На видеото може да се видат многу супер автомобили, како што се Ferrari, Lamborghini, McLaren, Porsche, но и „набилдани“ Mercedes, BMW и Audi модели. Автомобилите на паркингот останале 4-5 дена, а сопствениците платиле „солени“ казни од по неколку стотици евра.