Ова е автомобилот кој држи подобра цена од Golf
VW Golf по неколку децении доминација како автомобил кој најдобро ја одржува цената како половен автомобил, ја изгуби ексклузивната титула и тоа од ривал од далечниот исток
Според податоците на Eurotax, компанија која ја проценува вредноста на користени возила од сите брендови, неодамна ги објави резултатите од оценката за вредноста на употребуваните возила од C сегментот. Поточно, станува збор за возила стари три години и со 50.000 поминати километри, како и 5 години стари и 100.000 поминати километри.
Споредувани се конкуренти со усогласена опрема и моторизација. Покрај VW Golf 1.4 TSI со 130 КС, тука се и Kia Ceed 1.0 T-GDI (120 КС), Renault Megane TCe (115 КС) и Opel Astra 1.4 Turbo (125 КС).
Резултатот е вистинско изненадување. По три години и 50.000 поминати километри, Ceed задржува 63,3% од куповната вредност на возилото, што е најмногу од сите четири возила. Имено, Golf задржува 60,6%, Astra 50,1% и Megane најмалку ili 49,5% од набавната вредност на возилото.